Два модели на Peugeot најпродавани во Европа во февруари

Европската продажба на автомобили во февруари била за 20% пониска во споредба со истиот месец лани. Модели со ниска емисија учествуваат со 14% од вкупната продажба.

Во 27-те земји на ЕУ, во минатиот месец биле продадени 848.455 автомобили или за една петина помалку отколку во ланскиот февруари. Лани, пак, пазарот во февруари беше за 7% под резулатот од 2019 година. За тековниот месец се очекуваат зголемени бројки на продажбата, имајќи предвид дека европската автомобилска индустрија лани во февруари се соочи со најслаба продажба во последните 38 години. Тогаш беа продадени 848.400 возила.

Продолжува падот на дизелот и во февруари само 27% од возилата имале дизел мотор под хаубата. Марките Suzuki, Mitsubishi, Honda, Toyota, Mazda, Mini и други, повеќе немаат дизел во понудата.

Од друга страна напредуваат чисто електричните автомобили и приклучните хибриди. Нивната продажба се зголемила за 67%, на вкупно 115.000 примероци. Соодветно им се зголеми и пазарниот удел на дури 13,6 проценти – за споредба, уделот лани во февруари изнесуваше 6,5 проценти. Шампионот Норвешка повторно се докажува, со 79% удел на електричните автомобили.

Промените се најзабележиви кај Volvo, Mercedes и други марки, кај коишто уделот на електричните автомобили пораснал за 15 проценти, поради зголемувањето на понудата, а тоа како одговор на големата побарувачка за возилата со погон што уште се води како алтернативен.

Падот во продажбата на СУВ-моделите е двојно помал отколку падот кај традиционалните каросериски форми

И во тешките економски услови, СУВ-моделите се продаваат подобро отколку моделите од традиционалните сегменти. Нивниот сегмент се намалил за 11%, наспроти падот од 23% кај традиционалните модели, односно градските модели, компактите, лимузините од средната и вишата класа. Вановите се сведени на само 17.800 примероци, што претставува пад од 58% – тоа е еден од најслабите месечни резултати за овој вид возила што на производителите своевремено им носеше голем раст во продажбата.

Февруари беше одличен месец за Peugeot 208, кој ја замени Toyota Yaris како најпродаван модел во јануари. Француската марка последен пат ја предводеше европската продажба во февруари 2008 година, со Peugeot 207. Популарноста на тековните моделски генерации на Peugeot се огледува и во одличните резултати на 2008. На СУВ-моделот од градската класа му припаѓа второто место меѓу најпродаваните модели во Европа во февруари. Со раст од 51 проценти во продажбата, тој се проби пред Volkswagen T-Roc и Renault Captur.

Добри резултати постигнуваат и Volvo XC40 (+33%), Tesla Model (+55%), Mercedes GLB (+181%), Mercedes GLA/EQA (+49%) и Smart Fortwo (+114%). Од новите модели што се лансирани во меѓувреме, Volkswagen регистрирал 3.744 примероци од електричниот ID.3, но има одлични резултати и од Cupra, којашто во февруари регистрирала 2.582 примероци од Formentor.

Топ 10 Најпродавани модели во февруари

1

Peugeot 208

18375 -12.00%
2 Peugeot 2008 17120 51.00%
3 Volkswagen Golf 16185 -34.00%
4 Toyota Yaris 15467 7.00%
5 Fiat Panda 15400 -13.00%
6 Renault Clio 15349 -38.00%
7 Citroen C3 15281 -6.00%
8 Opel Corsa 14615 -21.00%
9 Skoda Octavia 14554 -2.00%
10 Volkswagen T-Roc 13829 0

>>> Топ 20 Најпродавани модели во Хрватска во февруари

Претходна објаваДесет модели на BMW со хибриден погон во понуда во Македонија
Следна објаваКои се најпродаваните модели во Мексико?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here