Љубителите на автомобилизмот кои минатава деценија ја заборавиле својата некогашна пасија, веројатно би се изненадиле од фактот што BMW денес вградува хибриден погон во своите модели. BMW не само што го вградува погонот, туку масовно го применува хибридот ширум гамата. Од 320e до 745LEx и од X2 xDrive 25e до X5 xDrive45e, Баварците денес имаат точно десет основни моделски изведби со приклучен хибриден погон во својата понуда.
На возачите на BMW многу им значи буквата „i“, односно „d“ во ознаката. Таа е основа на препознатливоста на моделите од минхенската марка, во пишана и во говорна форма. Секој препознава лесно дека зад ознаките од типот на 740i или 320d, стои модел на BMW. Но, во последниве години, а тоа се веќе десетина години, честопати се забележуваат модели што носат „е“ во ознаката. Тоа укажува на eDrive, на основата на електрификацијата на гамата на BMW.
Еден поглед во мартовскиот ценовник на М Кар, увозникот на BMW за Македонија, открива убави вести. Дури десет модели со приклучен хибриден погон се наоѓаат во редовната понуда на BMW за нашиот пазар, впрочем исто колку во Германија или кој било друг пазар. Вкупно 10 основни моделски изведби се достапни во понудата на BMW, почнувајќи од X1 и X2, преку серијата 3, до знаменосецот од серијата 7 и СУВ-основоположникот X5.
Во традиционалната моделска понуда на BMW, прв со приклучен хибриден погон е 320е. Погонската спрега се состои од дволитарски турбо-бензинец со 163 КС и електромотор со 83 kW (113 КС), кој е исклулително компактен и вграден е во куќиштето на менувачот. До задната оска пристигаат максимално 204 КС и 350 њутнметри. Лимузината со овој погон спринтува до темпо сто за 7,6 секунди и постигнува крајни 225 km/h. Само на струја може да се вози до 140 km/h. Досегот на струја со батеријата од 12 kWh е 61 километар. При користење ѕиден полнач, батеријата се полни до 100% за 216 минути.

Интересна е споредбата на цените со бензински и дизел мотор со слична силина и перформанси. BMW 320e со приклучен хибриден погон во Македонија чини 47.820 евра. Дизел 320d со 190 КС чини 45.920 евра, додека бензинскиот 320i со 184 КС е достапен за 41.970 евра. Според македонскиот систем за оданочување на автомобилите, хибридите не се признаени особено вешто. За возилата со приклучен хибриден погон се наплатува 50% од реално пресметаната вредност на данокот за возила, што се наплатува од јануари лани и се состои од еколошка компонента и од вредносна компонента.
Со реални субвенции и со малку повешт систем за поттикнување на продажбата на овие возила со исклучително ниска емисија на штетни материи, BMW 320e би требало да се донесе најмалку под цената на моделот со дизел мотор. Сепак постојат модели на BMW, кај коишто „излегува математиката“ и хибридните варијанти навистина се подостапни од дизел-варијантите.

Овој погон од 320e, освен во лимузинската изведба на серијата 3 е достапен и во комби изведбата Touring, со цена од 50.150 евра. Екстра моделска изведба е 320ex, што значи дека дополнително ги впрегнува и предните тркала. Цената за оваа варијанта изнесува 53.540 евра.
Околу 60% од продажбата на BMW X5 во Македонија се состои од верзијата со приклучен хибриден погон со близу 400 КС
Во претходен разговор со Александар Ордевски, менаџерот за продажба на BMW и Mini ни откри дека хибридниот погон ги привлекува купувачите кога тој им носи одредени предности во продажбата цена на возилото. Поради лошо осмислениот систем за даночење на возилата, кај одредени моделски се постигнува цената на верзиите со приклучен хибриден погон да бидат пониски во споредба со цената на верзиите со дизел мотор. Таков е случајот кај X5, кадешто околу 60 проценти од продажбата во оваа моделска серија ја сочинува токму верзијата X5 xDrive45e.
Иако се работи за ценовно ниво каде што би можело да се очекува купувачите да „толерираат“ разлика од неколку илјади евра меѓу хибрид и дизел, сепак се потврдува дека заштедата е индикатив. Додека хибридниот BMW X5 xDrive45e чини 88.720 евра во стандардната изведба, за дизел изведбата 40d се потребни 97.920 евра или точно 9.200 евра. Дури и бензинецот 40i е поскап за 740 евра. Затоа и не чуди тоа што ознаката eDrive се забележува многу често на задните столбови на X5. Се слуша исто така. Кога залетана грамада со знак на BMW ќе се пушти под инерција или запира, се слуша зуење од електромоторот. Во тие моменти, автомобилот си ја дополнува батеријата. X5 со технологија eDrive е воедно и хит во хибрид-понудата на BMW. Досегот со батеријата од преку 22 киловатчасови изнесува 88 километри – реално.
Во продолжение ги наведуваме само основните технички податоци на сите модели со приклучен хибриден погон во понудата на BMW.
BMW 330e · Цена 52.670 евра
|
Системска моќност |
292 КС |
|
Системски вртежен момент |
420 Nm |
|
Мотор |
2,0 литри, 184 КС, 300 Nm |
|
Електромотор |
113 КС / 250 Nm |
|
Погон |
Назад |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
5,8 s |
|
Крајна брзина |
230 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег |
60 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
216 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
330d · 54020 евра, 330i · 47160 евра |
BMW 520e · Цена 61.850 евра
|
Системска моќност |
204 КС |
|
Системски вртежен момент |
350 Nm |
|
Мотор |
2,0 литри, 163 КС, 300 Nm |
|
Електромотор |
109 КС / 265 Nm |
|
Погон |
Назад |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
7,9 s |
|
Крајна брзина |
225 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег |
60 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
216 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
520d · 57540 евра, 520i · 57580 евра |
BMW 530e · Цена 67.460 евра
|
Системска моќност |
292 КС |
|
Системски вртежен момент |
420 Nm |
|
Мотор |
2,0 литри, 184 КС, 300 Nm |
|
Електромотор |
109 КС / 265 Nm |
|
Погон |
Назад |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
5,9 s |
|
Крајна брзина |
235 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег |
60 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
216 min (AC 3,7 kW) |
|
Изведба со погон на сите тркала: |
530ex · 70.580 евра |
|
Комби каросериски изведби: |
530e Touring, 530ex Touring |
|
Споредба на цени: |
530d · 70.570 евра, 530i · 64.390 евра |
BMW 545ex · Цена 83.810 евра
|
Системска моќност |
394 КС |
|
Системски вртежен момент |
600 Nm |
|
Мотор |
3,0 литри, 286 КС, 450 Nm |
|
Електромотор |
109 КС / 265 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
4,6 s |
|
Крајна брзина |
250 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег |
56 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
216 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
540ix · 74.800 евра, 540dx · 85.610 евра |
BMW 745e · Цена 108.990 евра
|
Системска моќност |
394 КС |
|
Системски вртежен момент |
600 Nm |
|
Мотор |
3,0 литри, 286 КС, 450 Nm |
|
Електромотор |
113 КС / 250 Nm |
|
Погон |
Назад |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
5,2 s |
|
Крајна брзина |
250 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег (NEDC) |
51 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
216 min (AC 3,7 kW) |
|
Изведба со продолжена каросерија и погон на сите тркала |
BMW 745Lex · 120.120 евра |
|
Споредба на цени: |
740i · 109.370 евра, 740dx · 117.540 евра |
BMW 225xe Active Tourer · Цена 41.610 евра
|
Системска моќност |
220 КС |
|
Системски вртежен момент |
385 Nm |
|
Мотор |
1,5 литар, 136 КС, 220 Nm |
|
Електромотор |
95 КС / 165 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
6-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
6,7 s |
|
Крајна брзина |
202 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
135 km/h |
|
Досег |
55 km |
|
Батерија |
10,0 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
192 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
225ix · 44.620 евра, 220dx · 40.570 евра |
BMW X1 xDrive 25e · Цена 46.590 евра
|
Системска моќност |
220 КС |
|
Системски вртежен момент |
385 Nm |
|
Мотор |
1,5 литар, 125 КС, 220 Nm |
|
Електромотор |
95 КС / 165 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
6-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
6,9 s |
|
Крајна брзина |
193 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
135 km/h |
|
Досег |
52 km |
| Батерија |
10,0 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
192 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
25i · 48.390 евра, 25d · 50.920 евра |
BMW X2 xDrive 25e · Цена 48.350 евра
|
Системска моќност |
220 КС |
|
Системски вртежен момент |
385 Nm |
|
Мотор |
1,5 литар, 125 КС, 220 Nm |
|
Електромотор |
95 КС / 165 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
6-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
6,8 s |
|
Крајна брзина |
195 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
135 km/h |
|
Досег |
53 km |
|
Батерија |
10,0 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
192 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
25d · 52.910 евра |
BMW X3 xDrive 30e · Цена 62.000 евра
|
Системска моќност |
292 КС |
|
Системски вртежен момент |
420 Nm |
|
Мотор |
2,0 литри, 184 КС, 300 Nm |
|
Електромотор |
109 КС / 250 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
6,1 s |
|
Крајна брзина |
210 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
135 km/h |
|
Досег |
51 km |
|
Батерија |
12 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
222 min (AC 3,7 kW) |
|
Споредба на цени: |
30d · 66.350 евра, 30i · 59.790 евра |
BMW X5 xDrive45e · Цена 88.720 евра
|
Системска моќност |
394 КС |
|
Системски вртежен момент |
600 Nm |
|
Мотор |
3,0 литри, 286 КС, 450 Nm |
|
Електромотор |
113 КС / 265 Nm |
|
Погон |
На сите тркала |
|
Менувач |
8-степен автоматски |
|
Забрзување 0-100 km/h |
5,6 s |
|
Крајна брзина |
235 km/h |
|
Крајна брзина на струја |
140 km/h |
|
Досег (NEDC) |
88 km |
|
Батерија |
22,3 kWh |
|
Времетраење на полнење до 100% |
426 min (AC 3,7 kW) |
|
Изведба со продолжена каросерија и погон на сите тркала |
BMW 745Lex · 120.120 евра |
|
Споредба на цени: |
40d · 97.920 евра, 40i · 89.460 евра |
















