за

Јапонскиот увозник ја купи британската марка Caterham

Групацијата VT Holding со седиште во Јапонија ја презеде сопственоста над традиционалната марка Caterham од бизнисмените Тони Фернандез и Камарудин Меранун.

VT Holding е нов сопственик на легендарната спортска марка Caterham од Британија, откако нејзините модели ги увезува и дистрибуира на јапонскиот пазар од 2009 година наваму. Јапонската компанија годишно продава по 120 примероци од марката Caterham.

Како еден од најголемите трговци со автомобили во Јапонија, со повеќе од 200 салони во земјата и со вложувања во Велика Британија, Шпанија, Тајланд и Јужна Африка, VT Holdings меѓу другото увезува и низа марки мотоцикли и автомобили на јапонскиот пазар, вклучувајќи ги марките Royal Enfield и Lotus.

Мотоспортот и викенд собирите на најценетите тркачки патеки во светот отсекогаш претставувале основа на комерцијалиот успех на Caterham. Марката сега се придружува во група предводена од директорот Казухо Такахаши, кој и самиот се натпреварувал во JGTC, Super GT и Super Taikyu во последните дваесет години.

Таханаши-сан коментира за зделкат: „VT Holdings со гордост го поздравува Caterham во групата. Покрај тоа што купивме светски позната марка спортски автомобили, станавме и старатели на автомобилска легенда.“

Caterham Cars продава на 20 пазари ширум светот, со учество на извозот од 60 проценти.

>>> Фабриките не работат, но може сами да составите Caterham

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Kodiaq наскоро во освежено издание

Volvo во првиот квартал ја зголеми продажбата за 40 проценти