Volvo ја зголеми продажбата за 7,1 проценти во октомври

Volvo ја зголеми продажбата за 7,1 проценти во октомври

Шведската марка Volvo во минатиот месец продала вкупно 65.290 автомобили во светот. Растот доаѓа од зголемената побарувачка за СУВ-моделите на Volvo.

Моделските изведби со знакот Recharge, што го носат автомобилите на Volvo со целосно електричен или приклучен хибриден погон, во првите десет месеци го зголемиле своето учество во вкупната продажба на автомобили од марката за повеќе од двојно во споредба со лани. Овие модели сега постигнуваат удел од 16% во вкупната продажба на Volvo. Во Европа, уделот е уште повисок и изнесува 27% за десет месеци од 2020 година.

Во периодот од јануари до октомври, шведската марка продала вкупно 516.418 автомобили, што е за 9,2% послабо во споредба со лани. Во Кина, во минатиот месец биле продадени 16.723 автомобили. Тоа е раст од 19,1 проценти во споредба со октомври лани. За десет месеци, продажбата на најголемиот пазар во светот пораснала за 5,2 проценти.

Volvo пред две години отвори фабрика во САД, каде што се произведува лимузината S60

Солиден раст има и на пазарот во САД, кадешто во октомври биле продадени 10.691 автомобили или за дури 21,4 проценти повеќе од лани. Вкупно до октомври, американскиот пазар со 84.295 автомобили е во плус со 2,3 проценти во споредба со истиот период лани.

Европската продажба исто така се држи добро со 28.154 автомобили во октомври, за 4,6 проценти помалку од истиот месец лани. Во првите десет месеци од годината, продажбата се намалила за 17,6 проценти во споредба со лани.

Најпродаван модел на Volvo во октомври е XC40, по него следи СУВ-моделот од средната класа XC60, трет е луксузниот СУВ-модел XC90. Во минатиот месец, дури 73,3 проценти од продажбата на марката ја сочинувале СУВ-модели, наспроти 65,3 проценти во истиот месец лани.

За првите десет месеци, XC60 сепак е бестселер на Volvo со вкупно 149.855 возила (2019: 163.827 возила), пред XC40 со 142.159 возила (2019: 108.295 возила) и XC90 со 70.195 возила (2019: 80.010 возила).

Продажба по модели на Volvo до октомври 2020 година

Модел Октомври 2020 % Јан-окт 2020 %
XC40 20254 50.60% 142159 30.50%
XC60 II 18764 3.10% 149855 -8.50%
XC90 II 8868 8.40% 70195 -12.30%
S60 III 5410 45.70% 36053 68.30%
S90 4636 -3.90% 36174 -22.20%
V60 II 4406 0.90% 40423 -5.70%
V60 CC II 1099 -27.10% 13162 14.80%
V90 904 -53.10% 11505 -37.10%
V90 CC 821 -21.90% 9471 -35.70%
V40 117 -94.30% 2579 -92.90%
V40 CC 10 -97.60% 555 -95.10%
V60 CC 1 -83.30% 3 -99.20%
S60 II 0 27 -97.40%
S60L 0 4237 -59.30%
V60 0 20 -97.30%
Вкупно 65290 7.10% 516418 -9.20%

>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

Претходна објаваFerrari Roma освои награда за дизајн
Следна објаваVolkswagen ја пребродува корона-кризата, продолжува со оптимизам

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here