Volkswagen ја пребродува корона-кризата, продолжува со оптимизам

Volkswagen ID.4

Матичната марка на концернот Volkswagen во првите девет месеци постигнала 47,2 милијарди евра промет, што е за 27,9% под нивото за трите квартали лани. Во последниот квартал, марката повторно е во плус и заработи половина милијарда евра.

По големиот пад во продажбата во првото полугодие, како последица од пандемијата, бизнисот на марката Volkswagen повторно закрепна во периодот меѓу јули и крајот на септември. Со 1,5 милион испорачани возила ширум светот, Volkswagen во третиот квартал е за само 2,7% под резултатот од лани.

Вкупно во првите девет месеци, пазарот за матичната марка на концернот Volkswagen сепак останува во минус, со 18,6 проценти. Прометот е 47,2 млрд. евра (-27,9%), заработката во целиот период и натаму е во минус, со околу 1,0 милијарда евра.

Според финансискиот директор Александер Зајц, тоа се должи на „постојаните мерки за скусување на трошоците и обезбедување луквидност, како и безрезервниот ангажман на вработените“.

Во септември, бројот на испорачани возила е само 0,7 процент под ланскиот резултат. Заслугата е во стартот на продажбата на електричниот компакт ID.3, од когошто досега се испорачани 20.000 примероци. На тоа се надоврзува и зголемениот интерес за модели со приклучен хибриден погон, како и значителното зголемување на побарувачката за Golf 8.

Моделската офанзива продолжува, салоните на Volkswagen веќе примаат нарачки за вториот електричен автомобил од новата генерација, за компактниот СУВ-модел ID.4

Volkswagen веќе прима нарачки за вториот електричен модел, за ID.4, кој се очекува да постигне уште поголем продажен бум од компактниот ID.3. Електричниот СУВ-модел врз платформата MEB ќе се произведува и во Северна Америка и Кина.

Новини во моделската понуда се верзиите со приклучен хибриден погон во гамата на Golf и Touareg. Наскоро следат Tiguan, Arteon и Arteon Shooting Brake со приклучен хибриден погон, а по подолга пауза, во понудата се враќаат и верзиите на Passat и Passat Variant со овој погон.

>>> Volkswagen има шанси да ги исполни строгите СО2-норми

Претходна објаваVolvo ја зголеми продажбата за 7,1 проценти во октомври
Следна објаваKia Sorento од следната година ќе вози како приклучен хибрид