Volkswagen има шанси да ги исполни строгите СО2-норми

Херберт Дис, шефот на концернот Volkswagen, цени дека се достижни граничните вредности за емисијата на СО2 за целиот возен парк од нови возила од концернот. Во интервју за Фајненшел Тајмс, менаџерот најави и дека разликата е „еден грам повеќе или помалку.“

Volkswаgen има добри шанси годинава да биде поштеден од скапите пенали на ЕУ, во случај да го надмине лимитот за емисија на СО2. „Уште се немаме предадено, но ќе биде многу тесно да се достигнат целите“. Каков ќе биде исходот, зависи најмногу од бројот на возила со ниска емисија на штетни гасови што концернот Volkswagen ќе ги продаде до крајот на годинава. Производителите од рангот на Volkswagen се потпираат првенствено на електричниот погон, за да ги достигнат строгите цели на ЕУ.

Производителите во ЕУ мораат да го почитуваат лимитот од 95 грами јаглероден диоксид по извозен километар, како просек од емисијата на сите возила што тие ги нудат. Зависно од пазарниот сегмент, на некои од производителите им се дозволува повисок лимит. Таков е случајот, на пример, со Mercedes или BMW, чијашто продажба во најголем дел се темели врз моќни и големи автомобили. Како олеснување, на производителите годинава им се дозволува при пресметувањето на просечната емисија на СО2, од вкупно продадените возила да исклучат 5% што имаат највисока емисија на СО2. Ова преодно олеснување повеќе нема да важи од следната година.

Производителите може да се соочат со казни во висина од неколку милијарди

Поради послабата продажба на електрични возила, производителите стравуваа дека ќе се соочат со казни во висина од милијарди евра. По секое продадено возило со емисија што надминува 95 грами СО2 по километар, за секој грам над лимитот ќе се пресметуваат по 95 евра казна. Тоа може да достигне астрономски вредности. Субвенциите за електрични автомобили и приклучни хибриди сепак дадоа голем поттик за да се забрза нивната продажба и на тој начин да се намали просечната емисија на СО2 на одделните производители.

>>> Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

 

Претходна објаваBMW M3 стартува со производство неделава
Следна објаваFerrari Roma освои награда за дизајн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here