Volvo XC60 е најпродаван модел на Швеѓаните во август

Моделот од средината на СУВ-понудата на Volvo бил најпопуларен избор за купувачите на шведската марка во август. Со близу 15.000 продадени примероци, Volvo XC60 е пред компактниот XC40 и пред луксузниот XC90. Првите три места им припаѓаат на СУВ-моделите.

XC60 и во минатиот месец е на првото место во продажбата на моделите на Volvo. Со 14.972 примероци (2020:15.938), конкурентот на Mercedes GLC и Audi Q5 води пред XC40 со вкупно продадени 11.716 примероци (2020: 13.828) и Volvo XC90 со продадени 8.023 примероци (2020: 6.966).

Во минатиот месец се продадени вкупно 45.786 возила Volvo на светскиот пазар. Тоа е за 10,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Побарувачката за нови автомобили на пазарот сепак останува на високо ниво, а расте и интересот за шведските модели.

Во средината на јули, поради пандемијата беа затворени неколку фабрики на добавувачите на автоиндустријата во југоисточна Азија, особено во Малезија, што доведе до нови проблеми за автоиндустријата. Овие затворања секако дека влијаеја и врз работата на Volvo, чијшто фабрики во Шведска, Белгија, Кина и САД, исто така мораа привремено да мируваат. Како резултат од тоа е намален и бројот на произведени возила.

Едно од секои четири продадени возила Volvo има приклучок за струја, во Европа секое второ

Во првите осум месеци од годината, Швеѓаните продадоа вкупно 483.426 автомобили на светскиот пазар. Тоа е за 26,1 проценти повеќе во споредба со периодот од јануари до август лани. Моделите од семејството Recharge, значи делумно или целосно електрични модели, учествуваат со 24,2 проценти во вкупната продажба на марката. Во Европа, дури 47 проценти од возилата што се продадени во август имале приклучок за полнење.

Детален преглед на продажбата на Volvo по региони: 

  Август   Јан-авг  
  2021 Промена 2021 Промена
Европа 13,052 -25.4% 202,282 19.4%
Кина 13,112 -17.2% 122,914 28.1%
САД 10,686 3.0% 86,015 35.8%
Други 8,936 18.6% 72,215 31.9%
Вкупно 45,786 -10.6% 483,426 26.1%

 

Продажба по модели

Модел Август
S60 III 3,505
S90 3,546
V40 CC 1
V60 CC II 829
V60 II 2,101
V90 432
V90 CC 661
XC40 11,716
XC60 II 14,972
XC90 II 8,023
Вкупно 45,786

>>> Volvo постигна најдобро полугодие во 94-годишната историја

 

Претходна објаваТест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?
Следна објаваАвтомобил во облаци за посетителите на автосалонот во Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here