Автомобил во облаци за посетителите на автосалонот во Минхен

Компанијата Capgemini, специјалист за дигитална трансформација, на покривот на својата зграда во Минхен го постави познатиот Cloud Car на акцискиот уметник ХА Шулт. Седиштето на компанијата се наоѓа веднаш спроти халите на ИАА Мобилити и облак-автомобилот таму ќе биде видлив за посетителите на салонот.

Консултантската компанија Capgemini повторно го активира Cloud Car на акцискиот уметник ХА Шулт, што своевремено предизвика големо внимание на сцената. Автомобилот е вешто поставен на покривот на седиштето на компанијата во Минхен. Идејата е на посетителите на ИАА Мобилити и на жителите на Минхен да им се понуди нешто посебно и градот да се збогати со уметничко дело за време на одржувањето на автосалонот.

На каросеријата на Cloud Car се нацртани облаци. Оваа „скулптура“ на автомобил во 1989 година висеше од хеликоптер над прочуенета Катедрала во Келн, којашто со своите 157,18 метри претставувала највисок објект во светот до 1884 година. Уметникот ХА Шулт тогаш го искористи Cloud Car во својата уметничка акција, внесувајќи доза на хумор преку „возвишувањето“ на автомобилот.

https://photos.app.goo.gl/EAKyutNdQN2hAVDXA

Во меѓувреме се смени драстично смислата на Cloud Car. Новиот автомобил од облаците се однесува на сосем различни теми. Кабелот што виси од возилото е симбол за електромобилноста, којашто е клучна пресвртница во автомобилската индустрија. Од друга страна, облаците на каросеријата на Cloud Car 2021 ја симболизираат Cloud-технологијата, којашто ги овозможува вмрежените услуги во автомобилите и автономното возење.

Претходна објаваVolvo XC60 е најпродаван модел на Швеѓаните во август
Следна објаваНовата Opel Astra внесува „класа“ меѓу компактите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here