за

Volvo ја качи продажбата за 10 проценти, огромен раст во Кина

Volvo Cars во април испорачал 51.976 возила на светскиот пазар, за 10% повеќе од истиот месец лани. Тоа е заслуга на електричните возила и на Кина.

Моделите на Volvo од потсемејството Recharge, каде што спаѓаат изведбите со приклучен хибриден и целосно електричен погон, во минатиот месец учествувале со 40% во продажбата на шведската марка. Едно од секои пет продадени возила користи целосно електричен погон.

Во првите четири месеци од годината, Volvo Cars продаде 214.914 автомобили, што претставува раст од 10 проценти во споредба со лани. Европскиот пазар достигна 20.804 продадени примероци од марката Volvo во април, напредок за пет проценти. Во Европа, уделот на моделите Recharge е мошне висок, со 63 проценти од вкупната продажба.

Во Кина се продадени 12.543 автомобили и тоа е за 46 проценти повеќе од април лани. На најголемиот пазар во светот, продажбата на моделите Recharge напредувала за 86 проценти. Уделот на овие модели таму изнесува 10 проценти.

На пазарот во САД во април се продадени за 4 проценти помалку возила, односно вкупно 9.611 лимузини и СУВ модели. Близу една третина (31%) од продажбата отпаѓа на моделите со приклучен хибриден или батериски електричен погон.

Најпродаван модел и во април е СУВ-моделот од средната класа Volvo XC60 со 16.658 примероци (2022 година: 14.952 возила), пред компактниот XC40, со вкупно 13.740 примероци (2022: 13.876) и XC90 со 8.179 примероци (2022: 8.208).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche ќе одржи „Фестивал на соништата“ на Хокенхајмринг

Шефот на Mercedes вели дека прекинувањето на врските со Кина е незамисливо