Шефот на Mercedes вели дека прекинувањето на врските со Кина е незамисливо

Прекинувањето на економските врски со Кина е нереално, изјави извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Келениус, за германски неделник. Тој посочува дека обидот за тоа да се направи, би го довело во ризик најголемиот дел од индустријата во земјата.

Европа се обидува да ја намали својата зависност од Кина, откако пандемијата и кризата во Украина покажаа колку е опасно да се биде зависен од доминантни добавувачи и воедно укажаа на големата чувствителност на синџирите за набавка.

Келениус вели дека повлекувањето од Кина, најголемата економија во светот, би било „незамисливо за речиси сета германска индустрија.“

„Главните играчи во светската економија, Европа, САД и Кина, толку се испреплетени, што откажувањето од Кина нема смисла,“ германскиот неделник Билд ам Зонтаг ја пренесува изјавата на Келениус.

Германските производители се зависни од кинескиот пазар на автомобили, најголем пазар во светот. Кинеската Beijing Automotive Group и претседателот на Geely, Ли Луфу, се два најголеми акционери во компанијата од Штутгарт.

Кина учествуваше со 18 проценти во прометот и со 37 проценти во продажбата на Mercedes во минатата година. Келениус очекува дека тие вредности ќе продолжат да се зголемуваат.

„Нашата продажба во Кина се зголемува и мошне сум оптимистичен дека и годинава ќе постигнеме раст. Во годините на корона, посебно побогатите Кинези постигнаа огромна заштеда“, кажува Келениус. „Таа куповна моќ би требало да ни оди во корист.“

Претходна објаваVolvo ја качи продажбата за 10 проценти, огромен раст во Кина
Следна објава2008: Подмладувачки третман за најпродаваниот СУВ-модел на Peugeot

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here