за

Porsche ќе одржи „Фестивал на соништата“ на Хокенхајмринг

Porsche по повод јубилејот „75 години спортски автомобили Porsche“, на 10-ти и 11-ти јуни поканува на „Фестивал на брзината“ на патеката Хокенхајмринг во Германија.

Покрај богатата програма на фестивалот, посетителите ќе можат да ги следат во живо и трките во Porsche Carrera Cup Deutschland, Porsche Carrera Cup Benelux и ADAC GT Masters. Билетите за фестивалот се бесплатни и може уште сега да се резервираат.

Голема прослава се подготвува во Porsche Experience Center на прочуената германска тркачка патека Хокенхајмринг. Настанот се оганизира по повод 75-годишнината на спортската марка, под името „Festival of Dreams“.

Фестивалот почнува во сабота, на 10-ти јуни, во 9:11 часот и трае цел викенд. Кој цени дека посебно за овој настан вреди патувањето до Германија, може уште сега да си резервира бесплатни билети на вебсајтот www.festival-of-dreams.de.

Од управата на Porsche Deutschland GmbH порачуваат дека „75 години спортски автомобили Porsche, 60 години на Porsche 911 и 100 години на 24-часовната трка во леман се совршен повод за наиот Фестивал на соништата.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија ќе добие фабрика за автомобилски чипови вредна 10 млрд. €

Volvo ја качи продажбата за 10 проценти, огромен раст во Кина