за

Volvo во април двојно ја зголемил продажбата

Volvo десет месеци во низа ја зголемува продажбата, во април биле продадени двојно повеќе автомобили отколку во истиот месец лани.

Volvo во април со двојно зголемена продажба

Вкупно 62.724 автомобили со знакот на Volvo се продадени во минатиот месец, наспроти 31.760 во ланскиот април. Растот главно доаѓа од САД и Европа, меѓу другото како резултат од закрепнувањето на пазарот по силниот удар од пандемијата. Во Кина, каде што продажбите продолжија да растат приближно во овој период лани, во април пак имало зголемување во продажбата од 11,6 проценти.

Во периодот на првите четири месеци, Volvo продал вкупно 248.422 автомобили или за 51,8 проценти повеќе од истиот период лани. Во Европа е постигнат раст во продажбата на електрични и приклучни хибридни автомобили од 42 проценти во април. Овие модели од потсеријата Recharge учествуваат со 24,3 проценти во вкупната продажба на марката.

Во САД, априлската продажба годинава е зголемена за 185,5 проценти, за што најголема заслуга имаат СУВ-моделите XC90 и XC60. Таму се продадени вкупно 11.036 автомобили во април, наспроти 3.866 возила во истиот период лани.

На европскиот пазар се продадени 25.816 автомобили во април, за дури 178 проценти повеќе од лани. Огромниот раст главно е резултат на тоа што во овој период лани беа воведени строги ограничувања поради пандемијата во голем број држави. Продажбата најмногу пораснала во Велика Британија, Шведска и Германија.

Кина е најголемиот единечен пазар за Volvo, со 16.435 автомобили во април. Посебно е зголемена продажбата за моделите од сериите XC60 и S90 што се произведуваат локално.

Најпродаван модел во светски рамки е XC40 со вкупно 19.833 примероци (лани во април 5.708), пред XC60, со вкупно 17,925 примероци (10.908) и Volvo XC90 со 9.371 примероци (4.425).

Volvo лани продаде 661.713 автомобили, за 6,2 проценти помалку во споредба со 2019 година.

>>> Само во Volvo: Целата гама со оцена за безбедност TSP+

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus награди изумител на соларен пречистувач за вода

Британски авто-огласник доделува електричен автомобил за користење цел месец

Британски авто-огласник доделува нов електричен автомобил секој месец