за

Само во Volvo: Целата гама со оцена за безбедност TSP+

Volvo е единствен производител на автомобили чијашто комплетна гама има добиено врвна оцена за безбедност од американскиот IIHS.

Американскиот институт за безбедност на патиштата му даде највисока оцена Top Safety Pick Plus (TSP+) на електричниот Volvo XC40 Recharge. Тоа значи дека целата понуда од модели на Volvo ги исполнува врвните стандарди за безбедност на IIHS.

Volvo XC40 Recharge е прв целосно електричен СУВ модел од компактната класа што ја освојува оваа награда. Тоа е уште еден модел плус за шведската марка, што во минатиот месец постави рекорд за најголем број освоени награди TSP+ во една година. Американскиот институт за безбедност на патиштата ги доделува наградите TSP+ од 2013 година.

IHS ја доделува оваа награда за возилата што исполнуваат врвни стандарди за безбедност. Volvo Cars освои девет награди TSP+ во февруари, пет во март и сега една во април, односно вкупно 15 награди годинава.

Volvo полага многу на вградувањето на системите за безбедност како стандард, меѓу другото на систем за предупредување при опасност од судир и самостојно запирање, вклучувајќи и спречување удар во пешак или велосипедист.

Електричниот Volvo XC40 Recharge им се придружува на моделите што имаат добиено оцена TSP+, со почеток на продажба по септември лани.

  • Volvo S90
  • Volvo S90 Recharge
  • Volvo V90
  • Volvo V90 Cross Country
  • Volvo V60 Cross Country
  • Volvo S60
  • Volvo S60 Recharge
  • Volvo V60
  • Volvo V60 Recharge
  • Volvo XC40
  • Volvo XC60
  • Volvo XC60 Recharge
  • Volvo XC90
  • Volvo XC90 Recharge

Volvo во првиот квартал ја зголеми продажбата за 40 проценти

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus експериментира „туѓи“ дизајнери да работат на ентериерот

renault megane rs trophy-r rekord

Моделите на Renault ќе возат најбрзо до 180 километри на час