Lexus експериментира „туѓи“ дизајнери да работат на ентериерот

По светската премиера на концептното возило Lexus LF-Z Electrified, јапонската марка го прави и следниот чекор. Познати уметници и дизајнери од светот работеа на сопствена замисла за стилот на ентериерот на електричното возило.

Дизајнерот на обувки Салехи Бембури, дигиталниот уметник Ондреј Зунка и јапонската модна марка Hender Scheme изработија виртуелни дизајни на внатрешноста на Lexus LF-Z Electrified, раководејќи се според сопствената замисла. Од премиум марката на Toyota соопштуваат дека со овој спој меѓу световите на уметноста, модата, животниот стил и технологијата ќе се поттикне духот на промените во дизајнот на автомобилите, кој главно се движи во истите рамки.

Американскиот дизајнер Салехи Бембури се инспирира од природата и создаде ентериер што спојува футуристичка естетика со органски материјали и дречливи бои. Материјали од иднината прават контраст со традиционални материјали, како кедар, плута и гранит. Задните седишта се обложени со „влакнеста“ кожа, а отпечатокот на прст, што е обележје на дизајнот на Бембури, применет е во кокпитот.

https://photos.app.goo.gl/Pyg67hC5opjPs8wi9

Толкувањето на Ондреј Зунка, за тоа како треба да изгледа внатрешноста на електричниот Lexus, предвидува механизми од астронаутиката, материјали од научната фантастика и повеќедимензионални бои, кои го совладуваат просторот и времето. „Чувството во ентериерот треба да биде како тој да не е создаден од човечка рака, туку е дизајниран од високоразвиена вештачка интелигенција“, објаснува дигиталниот дизајнер Зунка. Неговата визија понатаму вклучува транслуцентни силиконски перници на седиштата со мемориски ефект, како и панорамски покрив од четкан хром.

https://photos.app.goo.gl/wUJBXBMdJYRgTVE39

Токиската модна марка Hender Scheme е специјализирана за работа со природна кожа и посветена е на јапонската традиција, како и на занаетчиската вештина такуми. Тука целата внатрешност е изработена од кожа. Тоа е во контраст со напредните технологии што ги содржи возилото. Необработнеиот, органски материја, со времето добива патина, којашто ја менува бојата и прави секое возило да биде единствено.

https://photos.app.goo.gl/kPo5ZeBoPKN6jpYE6

Дизајнот на Hender Scheme го работеа врвни занаетчии од Акасуса, близу Токио. Нивната работа била инспирирана од искуството од најмалку 60.000 часови што треба да го стекне еден такуми-мајстор. По темелна проверка на дебелината и еластичноста, кожата е обликувана и со неа се обложени таванот, вратите и арматурната табла.

>>> Lexus покажува колку е опасно да се пишува при возење

Претходна објаваОва се трендовите кај велосипедите во новата сезона
Следна објаваСамо во Volvo: Целата гама со оцена за безбедност TSP+

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here