за

Lexus покажува колку е опасно да се пишува при возење

Колку време е потребно да се напише порака додека се вози? Една секунда, две секунди? Тоа е многу поопасно отколку што се претпоставува.

Повеќето возачи се уверени дека пишувањето порака додека се вози само кусо го одзема вниманието. Денес на 6-ти април, Lexus објави видео за сите да ги увери колку навистина е опасно да се читаат или пишуваат пораки. Тоа во просек трае 4,6 секунди, цени американската агенција за безбедност во сообраќајот.

Април во САД се одбележува во знак на свесноста за одвлекувањето на вниманието при возење и тоа е традиција што Националниот совет за безбедност ја започна пред повеќе од 10 години. Во овој месец се посветува внимание на навиките што ги имаат возачите во текот на возењето. Невнимателното возење е опасно и во 2019 година истото однело 3.142 животи во САД, според Агенцијата. Најопасно е пишувањето пораки. При брзина од 55 милји на час, односно близу 88,5 километри на час, тргањето на погледот од патот во времетраење од 4,6 секунди е исто како цела должина на фудбалски терен да се извози со врзани очи.

Во видео насловено „Driving Disrupted“, луксузната марка на Toyota прикажува што точно се случува кога возачите не го гледаат патот во времетраење од 4,6 секунди. Учесниците беа сместени зад воланот на Lexus NX на затворена патека, верувајќи дека ќе направат пробно возење на стандарден NX. Но, тоа што го возеа учесниците е посебно преработено возило наречено NX 4.6. Истото е опремено со стакла со електрохроматска технологија, којашто прави стаклата за миг да станат непровидни. Возачот близу пет секунди не гледа ништо пред и околу себе. Во видеото се прикажани паничните ситуации што ги доживуваат возачите.

Lexus сака да ја зголеми свеста за безбедноста зад воланот со менување на уверувањата околу пишувањето порака при возењето“, изјави Винај Шахани, заменик директор за маркетинг на Lexus во САД. „Дури и најнапредните безбедносни системи не можат да го заменат вниманието на возачот.“

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota GR 86 е најлесното купе со четири седишта во класа

Škoda Kodiaq наскоро во освежено издание