за

Toyota GR 86 е најлесното купе со четири седишта во класа

Наследникот на боксер-купето Toyota GT86 сосем очекувано се појавува под знакот на спортскиот огранок Gazoo Racing и се претставува како Toyota GR 86.

Toyota GR 86 е трет модел под знакот на Gazoo Racing и меѓу главните одлики му е тоа што со примена на алуминиум поседува значително пониска тежина од останатите модели во класата.

Gazoo Racing, огранокот за мотоспорт на Toyota, заедно со корпорацијата Subaru денес ја претстави новата Toyota GR 86. Моделот уште не е хомологиран и не е достапен за нарачка. Тој е трет GR-модел на Toyota, по GR Yaris и по GR Supra.

Претходникот Toyota GT86 беше претставен во 2012 година и се продаде во повеќе од 200 илјади примероци. Овие бројки сосем јасно укажуваа дека моделот мора да добие наследник. Тоа е GR 86, кој по хомологацијата се очекува да биде најлесно купе со четири седишта во компакт класата. Заслугата за ниската тежина меѓу другото е примената на алуминиум за покривот и за делови од каросеријата. Тоа не е првпат за GR-марката на Toyota, затоа што и GR Yaris исто користи бројни делови од алуминиум.

Димензиите на новата Toyota GR 86 се исти со претходничката GT86. Исклучително ниското тежиште е карактеристика и на новиот модел, а дополнително и крутоста на каросеријата е зголемена за 40 проценти. Од сето тоа може да се очекуваат уште повозбудливи возни својства и поостра управливост. Во истата насока продолжуваат воздушните канали во предниот дел од возилото. Бројни зафати во GR 86 произлегуваат од искуствата на Gazoo Racing во настапите на GT86 во мотоспортот.

Најдобрата вест е тоа што Toyota GR 86 ќе биде понудена на европскиот пазар. Во текот на годината, Toyota ќе објави дополнителни детали околу спортскиот модел.

>>> Toyota GT86 со нов рекорд во најдолг дрифт

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Boxster беше спас за марката пред 25 години

Lexus покажува колку е опасно да се пишува при возење