за

Toyota GT86 со нов рекорд во најдолг дрифт

Toyota GT86 drift

Рекордот е нов, автомобилот е истиот. Јужноафриканецот Џеси Адамс го извозе најдолгиот дрифт на сите времиња со Toyota GT86. Вредноста на рекордот е запрепастувачка.

Автомобилскиот експерт Џеси Адамс, кој меѓу другото работи и за магазинот „Стар Моторинг“, извозе 165,04 километри во странично лизгање со спортското купе на Toyota. Со тоа, јужноафриканскиот новинар го надмина досегашниот рекорд за близу 21 километар.

Во прилог на возните својства на Toyota GT86 говори фактот што Германецот Харалд Милер го постави претходниот рекорд исто така со компактниот спортист со погон на задната оска.

Пет часови и 46 минути за поставување на новиот рекорд со Toyota GT86

За актуелниот рекорд, GT86 извозе околу 1.000 кругови по влажната тест-патека во близина на јужноафриканската престолнина Преторија. На Адамс му беа потребни пет часови и 46 минути да го испише новиот рекорд за најдолг дрифт во Гинисовата книга со 165,04 километри. Уште се очекува официјално признавање на рекордот од експертите на Гинис.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Google Waymo avtonomna tehnologija

Google се откажува од роботските автомобили

ламанш летечки автомобил, FB Philippe Lecocq

Ламанш за првпат „извозен“ со летечки автомобил