Французинот Бруно Вецоли го мина каналот Ламанш како никој друг пред него – во летечки автомобил. На некој начин.
Во ултралесен автомобил од Франција до Англија по воздушен пат. Бруно Вецоли испиша поглавје во историјата како прв човек што го прелетал или „извозел“ каналот Ламанш со летечки автомобил.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10211778877981699&set=a.1514254110590.89893.1661553911&type=3
Францускиот авантурист го стартуваше својот потфат рано утринава на напуштен воен аеродром во близина на пристанишниот град Кале, претходно довезувајќи се од официјалното поаѓалиште, Елисејските Полиња во Париз. По околу шеесетина километри во воздух, тој го заврши необичното патување во Довер, во Велика Британија.
Ламанш не му приреди непријатни изненадувања на Вецоли
Пред полетувањето, Вецоли откри дека стравува единствено од технички проблем: „Во таков случај обично се спуштам на земја, но сега би морал да слетам на вода.“ Се покажа дека воопшто немало потреба од каква било загриженост околу издржливоста на техниката. Летот мина беспрекорно.
https://www.facebook.com/rultralight.paramoteur/videos/691106514418136/
Уникатното летало-возило е наречено Пегаз, по летечкиот коњ од грчката митологија. Станува збор за ултралесен квадрицикл, снабден со парамотор и падобран. „Пегаз“ е конструиран од францускиот фабрикант Жером Дофи, сопственик на компанијата Vaylon, којашто е специјализирана за производство на уникатни возила. Дофи, пак, инспирацијата за неговото возило ја црпи од Луј Блерио, пионерот на аеронаутиката, кој во 1909 година беше прв човек што го прелетал Ламанш.
Врсниците – автомобилот и авионот – за првпат ги здружија силите
Тајмингот за потфатот не е случаен. Дофи: „Автомобилската и аеронаутичката индустрија се родени пред околу еден век. Сега конечно ни успеа да ги споиме двете работи.“
https://youtu.be/fwKnyFrwu14
Pegase воопшто не е наивен концепт. Секако не, по прелетот на „каналот“. Возилото тешко 450 килограми лета со 80 km/h, може да достигне висина до 3.000 метри, за полетување се потребни најмалку 50 метри, за слетување најмногу 30 метри.
Авантурите не завршуваат тука. Првичниот план на Дофи беше да изработи летало со коешто ќе го обиколи светот за 80 денови.