Lexus награди изумител на соларен пречистувач за вода

Lexus го избра преносниот соларен дестилатор на Хенри Глогау за победник на Изборот за најдобар дизајн за 2021 година. Новозеланѓанецот неодамна дипломираше на Данската Кралска Академија во Копенхаген.

Хенри Глогау е избран меѓу шест финалисти, од вкупно пријавени 2.079 проекти од дизајнери од 66 држави од цел свет. Победничкиот проект се избира според трите клучни критериуми според коишто и Lexus се раководи при развојот на своите модели: Anticipate, Innovate and Captivate – односно предвиди, иновирај и освој. Преносниот соларен дестилатор користи сончева енергија за да произведе вода што е чиста за пиење од загадена или морска вода. Ова ниско-технолошко решение воедно може да послужи и како собиралиште под сенка.

Младиот Новозеланѓанец при преземањето на наградата искажа голема благодарност кон марката Lexus: „Исклучително е чувството да се биде дел од престижен натпревар со компанија што навистина има страст кон дизајнот за подобро утре и којашто на дизајнерите на почетокот на својата кариера им обезбедува цврста основа врз којашто ќе ја дизајнираат иднината.“

Шесте финалисти без избрани во јануари и работеа под менторство на Џо Доусет, Сабине Марселис, Марием Камара и Спутнико, креатори од светски ранг.

>>> Lexus експериментира „туѓи“ дизајнери да работат на ентериерот

Претходна објаваDacia меѓу „Најдобрите марки“ во изборот на читателите на Auto Bild
Следна објаваVolvo во април двојно ја зголемил продажбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here