Британски авто-огласник доделува нов електричен автомобил секој месец

Британски авто-огласник доделува електричен автомобил за користење цел месец

Британските возачки и возачи можат да се надеваат дека среќата ќе ги послужи да дојдат до нов електричен автомобил. Auto Trader, водечки онлајн-огласник за автомобили во Велика Британија, секој месец ќе извлекува по еден добитник.

Auto Trader на крајот на мај ќе го додели првиот електричен автомобил во рамките на наградната игра насловена „Electric Car Giveaway“. Играта важи само за жители на островската држава, но овој потег најверно ја прикажува еуфоријата што владее околу електричните автомобили во светски рамки.

Првиот автомобил што ќе му се додели на среќниот добнитник е Tesla Model 3, во вредност од 42.000 британски фунти. Во рамките на наградната игра во времетраење од една година ќе се доделува по еден електричен автомобил секој месец. Меѓу автомобилите што ќе се доделуваат како награда се Mustang Mach-E, MINI Electric и квадрицикл Renault Twizy.

Секој месец ќе се избира нов на електричен автомобил. Избрани се повеќе модели со цел на јавноста да ѝ се покаже разновидноста на пазарната понуда од автомобили со електричен погон.

За учество во наградната игра е потребно единствено да се остави името на учесникот и адресата на е-поштата. Играчите можат секој месец да се пријавуваат за новиот круг на наградната игра.

>>> BMW M5 CS награда за најбрзиот на квалификации во Мото ГП

Претходна објаваVolvo во април двојно ја зголемил продажбата
Следна објаваРСБСП: Кој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here