BMW сезонава по 19-ти пат ќе му додели автомобил на возачот што ќе постигне најдобри времиња на квалификациите во Мото ГП. Годинава се доделува автомобил од врвот на M-понудата, ексклузивниот и екстремен BMW M5 CS.
По традиција, BMW го претставува автомобилот за победникот на BMW M Award на првата трка во сезоната на европска почва. Тоа годинава ќе се случи во Портимао, Португалија. Автомобилот е BMW M5 CS, најнов модел во ценетата низа CS-моделски изведби. Лимитираниот модел соединува врвни перформанси со ексклузивен и луксузен изглед. Моторот V8 од 4,4 литри со 635 КС прави BMW M5 CS да биде најсилен автомобил во историјата на BMW M.
BMW M5 CS се појавува како еден од безбедносните автомобили на секоја трка во Мото ГП годинава, почнувајќи од трката во Катар. Спринтот од место до темпо сто трае 3,0 секунди, а по 10,3 секунди веќе се двесте километри на час. Крајната брзина е ограничена на 305 km/h.
Натпреварот за BMW M Award е една од многубројните активности на BMW M, во улогата на „Official Car of MotoGP“. Од крајот на 2003 година, на завршетокот на секоја сезона во Мото ГП му се доделува ексклузивен автомобил BMW M на возачот што ќе постигне најдобри времиња на квалификациите за трките. Покрај редовното бодување, возачите во Мото ГП освојуваат бодови и за нивните пласмани на квалификациите. Возачот што на завршетокот на сезоната ќе собере најмногу бодови, освојува BMW M. Во целиот период од 2013 до 2019 година, наградата BMW M Award ја освојуваше Марк Маркез. Лани првпат во листата на победниците се појави ново име, Фабио Картараро.