Индиската Mahindra не најде купувач за SsangYong

SsangYong Korando kriza
SsangYong Korando kriza

SsangYong западна во криза поради големиот пад во продажбата и високите долгови. Од четвртокот, компанијата се наоѓа под судски стечај.

Поради тоа што добавувачите одбиваа да испорачаат компоненти, во минатите недели повторно имаше прекини во производството во фабриките на јужнокорејскиот производител на автомобили и специјалист за теренски возила.

Причина за ставањето под стечај се неуспешните обиди за продажба на компанијата, како што се наведува во образложението на судот. Сопственикот на главнината од акциите, индиската Mahindra, не успеа да најде нов сопственик.

SsangYong е во големи долгови и лани испорача само 107.416 возила на светскиот пазар. Загубата во минатата година се удвои на вкупно 400 милиони американски долари, а прометот се намали за 19 проценти. индискиот производител на автомобили Mahindra располага со удел од 75 проценти во корејската марка со долга традиција. Индијците ја презедоа компанијата во 2010 година, откако SsangYong го доживеа првиот банкрот.

Продажбата во Европа ќе продолжи како и досега. Новите модели, како Tivoli Grand и Musso Grand, ќе стартуваат со продажба како што беше најавено првично. Во следниот период се очекува генерално преструктурирање на компанијата. Тоа мора да се случи, затоа што Кореја в година има избори. Доколку не успее реструктурирањето, тоа ќе фрли лошо светло врз властите.

>>> Mahindra бара нов сопственик за проблематичниот SsangYong

Претходна објаваPolestar доби нови 550 милиони долари од инвеститорите
Следна објаваBMW M5 CS награда за најбрзиот на квалификации во Мото ГП

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here