Надворешни финансиери вложија 550 милиони долари во марката Polestar, којашто му припаѓа на шведскиот производител на автомобили Volvo.
Меѓу инвесторите во новиот круг се вбројуваат инвестицискиот фонд Chongqing Chengxing, финансискиот холдинг Zibo и неговиот огранок Zibo Hightech Industrial Investment. Уште едно познато име е Cube Capital, компанија во сопственост на јужнокоренскиот концерн SK.
Polestar моментно води преговори со нови инвеститори за следното зголемување на капиталот. Засега нема информации колку точно ќе биде вложено во компанијата во следната инвестициска тура.
Новите вложувања ќе се користат за натамошен развој на компанијата и воедно за развој на нови модели. Понудата моментно се состои од хибридното спортско купе Polestar 1 и електричната лимузина Polestar 2, кои неодамна добија основни моделски изведби со погон само на предната оска. Возилата се произведуваат во Кина. Извршен директор е главниот дизајнер на Volvo, Томас Ингенлат. Возилата ѝ се претставуваат на јавноста во т.н. Polestar Spaces, а продажбата се одвива онлајн.
Како дел од Volvo и Geely, електирчната марка Polestar ужива бројни предности во споредба со останатите стартап-компании. Меѓу предностите се вбројуваат, на пример, користењето на производствените погони и на обучен персонал, додека заедничката набавка на компоненти се грижи за намалување на цените на истите.
>>> Polestar ќе го пушти концептниот Precept во сериско производство
















