Визуелниот потпис што го создаваат маската и предните светла се нарекува Opel Vizor и претставува нов знак на препознавање на марката. Crossland прв го донесува новото лице на Opel на македонскиот пазар.
Новата кампања за Opel Crossland го претставува моделот дека е „многу повеќе од само убаво лице“. Разновиднoста е таа што го издвојува. Стил кој е подготвен на сè. Од смелиот и оригинален визир до чистиот и практичен ентериер, Crossland е флексибилен СУВ за секојдневно уживање, со уникатен дизајн кој привлекува погледи каде и да одите. Тоа се клучните пораки со коишто Crossland им се претставува на македонските возачки и возачи, во новото поглавје на германската марка, којашто сега е во портфолиото на Еуроимпекс, традиционалниот увозник на Peugeot.
Овој модел носи нова димензија на чист прогресивен дизајн. Германски инжинеринг што ги задоволува сите потреби. Со релаксиран, самоуверен стил и комфорнa СУВ-положба, тој е совршен за секој.
Свеж и компактен од надвор. Сосема природно ги интегрира предната маска и фаровите т.е. новиот визир кој се протега од едниот до другиот крај, по целата должина на предницата. Визирот оптички го проширува и мошне ефикасно ги организира предните елементи, преточувајќи го во чист и современ дизајн, оставајќи амблемот на Брендот да доминира во средишниот дел.
Одзади, затемнетите LED стоп светла го заокружуваат стилот и прегледноста и претставуваат уникатен светлосен потпис на Opel кој е во форма на крила. Тука се нагласува и сјано црна боја на задната врата, како и новиот симбол, кои го истакнуваат неговиот широк и моќен дизајн.
Внатре пречекува практична и просторна кабина. Се ужива во супериорна удобност на седишта обложени со Alcantara, во интуитивно управување и во високото седење што е својствено за за SUV возилата.
Понудата за новиот Opel Crossland започнува од 15.290 € со 1,2-литарски бензински мотор со 83 КС и ниво на опременост Еdition. Дилерската мрежа ја сочинуваат Аутомакедонија во Скопје и Ауто Цем во Тетово, и секако, Еуроимпекс, како генерален увозник за Opel.
















