Toyota втора најпродавана марка во Европа

Продолжува растот на Toyota на европскиот пазар, како во бројот на продадени возила, така и во пазарнуот удел. Во првиот квартал од годината, од марките Toyota и Lexus се продадени 287.678 возила.

Toyota во првиот квартал од 2021 година ја зголемила продажбата за 6 проценти во споредба со истиот период лани. Пораснал и пазарниот удел, за 0,1 процент и истиот сега изнесува 6,6 проценти. Тоа е највисока вредност на ниво на прв квартал во историјата на компанијата. Рекордни се и 6,4% удел на Toyota во Европа, што значи дека марката е втора најпродавана на европскиот пазар од јануари до март.

Посебно расте побарувачката за хибридните модели на Toyota и Lexus. Тие учествуваат со рекордни 56 проценти во Европа, односно исто така со рекордни 67 проценти во Западна Европа. Во Источна Европа, каде што Toyota ги вклучува и Русија, Турција и Израел, исто расте побарувачката. Уделот на хибридите тука пораснал за пет процентни поени и изнесува 27 проценти.

Марката Toyota до март продала 268.607 возила, а пазарниот удел се зголемил за 0,4 процентни бодови, на 6,4 проценти. Кај хибридите е постигнат плус од 15 проценти, со вкупно 148.671 возила. Тоа се 55% од целата продажба на марката.

Lexus во првите три месеци напредувал за 4,0% со продадени 19.071 возила. Уделот на хибридите тука е уште повисок: 93% во Западна Европа и 62% во цела Европа.

Toyota Yaris е избран за автомобил за 2021 година во Европа и во јануари првпат стана најпродаван модел во Европа. Извршниот директор Мет Харисон најавува нови модели со електричен погон во текот на годинава. Целта е продажбата во 2021 година да надмине 1,1 милион возила, колку во 2019 година, пред кризата.

Продажба на возила на Toyota Motor Europe од јануари до март 2021

  • Продажба: 287.678 возила (+ 6 проценти)
  • Пазарен удел: 6,6 проценти (+ 0,1 процентен бод)
  • Хибриди: 159.163 возила (+ 13 проценти)
  • Удел на хибриди: 56 проценти (Западна Европа: 67 проценти, Источна Европа: 27 проценти)

Toyota продажба од јануари до март 2021

  • Продажба: 268.607 возила (+ 6 проценти)
  • Хибриди: 148.671 возила (+ 15 проценти)
  • Удел на хибриди: 55 проценти (Западна Европа: 66 проценти; Источна Европа: 29 проценти)

Lexus продажба од јануари до март 2021

  • Продажба: 19.071 возила (+ 4 проценти)
  • Хибриди: 11.748 возила (- 6 проценти)
  • Удел на хибриди: 62 проценти (Западна Европа: 93 проценти, Источна Европа: 9 проценти)

>>> Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа

Претходна објаваBMW M5 CS награда за најбрзиот на квалификации во Мото ГП
Следна објаваMercedes ѝ создаде конкурент на S-Class: Електричен EQS, луксузен, различен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here