за

Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа

Хибридната технологија на Toyota Yaris донесе многу бодови, на име на ниска емисија, перформанси и достапна цена. Дизајнот и безбедносната опрема исто влијаеја за Toyota Yaris да победи во изборот за автомобил на годината.

Toyota Yaris е избран за најдобар автомобил за 2021 година во Европа, по 21 година откако првата генерација на моделот ја освои престижната награда.

Тоа што веќе го знаат купувачите, само се потврди со оцените на жирито. Toyota Yaris беше прв избор на европските купувачи во јануари, а по денешното пребројување на гласовите на жирито стана и Car of the Year, односно Автомобил на годината.

Жири од 59 новинари од Европа оцени дека четвртата генерација на Toyota Yaris е најдобар автомобил од сите нови модели што имале премиера во претходните 12 месеци. Тоа може да се цени и како некој вид рутинска победа, затоа што и првата генерација на Yaris во 2000-та година, исто ја освои титулата на Автомобил на годината.

Тоа беше прва победа на Toyota на најпрестижниот европски избор во автомобилската сфера, а во меѓувреме уште еден модел на Јапонците го убеди европското жири – Toyota Prius во 2005 година.

Секоја генерација на Toyota Yaris досега завршуваше меѓу финалистите во изборот за Автомобил на годината во Европа

Yaris, автомобилот со име што асоцира на боговите од грчката митологија, освои најмногу гласови од жирито со мекото возење, ниската емисија и достапната цена – тоа се потрдува и со фактот што повеќе од 80% од купувачите на Yaris го избираат моделот со хибриден погон. Бодови донесоа и дизајнот, перформансите, како и нивото на безбедноста, со коешто вториот по ранг модел на Toyota се издвојува во градската класа.

Ова претставува голема чест за Toyota и јас би сакал да се заблагодарам на жирито за нивното признание. Исто така сакам да ја искористам пригодата да дадам признание за страста на нашите развојни тимови во Европа и во Јапонија. Ова е најдобриот Yaris досега и исто како што беше замислата на Акио Тојода, тој веќе им создава насмевка на лицата на нашите клиенти

Мет Харисон, извршен потпретседател на Toyota Motor Europe

Жирито не пропушти да го спомне и повторното разгорување во сегментот на брзите мали автомобили што го предизвика спортската изведба GR Yaris, како хомологациска основа за тркачкиот Yaris WRC болид во светското рели.

Наградата за Автомобил на годината во Европа пристига по само неколку денови откако службените статистики го потврдија првото место на Toyota Yaris во продажбата на автомобили во Европа во јануари.

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет модели на Kia се меѓу најдобрите во 2021 според Car and Driver

BMW слави 50 години поддршка на светската култура