за

BMW слави 50 години поддршка на светската култура

Кога некаде низ светот се одржува важна културна манифестација, голема е шансата дека BMW стои како организатор или спонзор на истата.

Групацијaта BMW денес добива честитки од цел свет, од Театарот на Операта во Рим до Минхенската Филхармонија, од Естер Малангу до Викторија Сидал. Поводот е одбележување 50-годишнина на ангажманот на BMW на светската културна сцена.

Сé почна со големите дела на германскиот уметник Герхард Рихтер. Поранешниот претседател на BMW AG, во 1971 година нарача три дела од уметникот, за чинот на отворањето на новиот објект на централата на BMW во Минхен, славниот „фирцилиндер“, односно четирите згради што личат како цилиндри. Трите дела на Рихтер се наоѓаат во влезното подрачје на централата на концернот, од самото нејзино отворање во 1973 година. Тие се именувани „Rot“ (црвено), „Gelb“ (жолто) и „Blau“ (сино).

Оттогаш BMW има остварено бројни партнерства во најразлични сегменти во културата и уметноста. Производителот на автомбоили на тој начин и самиот стана дел од светската културна сцена. За одбележувањето на јубилејот е изработена видео-кампања, којашто содржи честитки од сите континенти и во текот на годинава ќе се среќава често на профилите на BMW на друштвените мрежи.

BMW е голем подржувач на културната и уметничката сцена и во Македонија. Пред извесно време, М Кар оствари соработка со Влатко Стефановски, кој изработи музичко лого на BMW

Марк Шпиглер, глобален директор на Арт Базел, којашто лани славеше 50-годишнината, честита и се радува за двојниот јубилеј во 2021 година: „Now, since we are not going to count 2020, we can celebrate our 50 years together.“

Џеф Кунс, уметник, испраќа видео со зборовите: „Animate – inanimate, inside – outside, body – vehicle, DNA – BMW.“

Кејт Брајан, директорка за колекциите во Soho House, изработува минијатури од BMW Art Car Collection и ги пушта да се тркаат.

Честитката од Ханс Улрих Обрист завршува со галеб, џезерката Хана Вајс пее „Congratulations“, уметникот Окујама Хосеки ја прекинува својата работа со метал и испраќа честитки од Јапонија.

Честитки пристигнаа од уметници од сите културни подрачја, од уметници и музичари, дизајнери, куратори, галеристи, кустоси, до колекционери, и секако, љубители на автомобили.

Културниот ангажман на BMW Group доби честитки, меѓу другото од (имињата ги оставаме во оригинал): Antoniu-Theodor Andreescu (музичар), Richard Armstrong (Direktor, Solomon R. Guggenheim Museum), Margarita Balanas (челистка), Anton Belov (Direktor, Garage Museum of Contemporary Art), Berlin Biennale, Geoff Blackwell (директор и издавач, Blackwell & Ruth), Cassy Britton (DJ), Kate Bryan (Head of Collections, Soho House & Co), Astha Butail (уметничка), Alexandra Catiere (уметничка), Leelee Chan (уметничка), Maike Cruse (директорка, Gallery Weekend Berlin), Simon Denny (уметничка), Chris Dercon (претседател, Réunion des musées nationaux et du Grand Palais des Champs-Élysées), Ken Done (уметник), Ólafur Elíasson (уметник), Augusto Farfus (тркач), Cao Fei (уметничка), Simon Fox (CEO, Frieze), Alex Galmeanu (Fotograf), Francesca Gavin (пистателка и кураторка), Nadine Ghaffar (основачка и директорка, Art D’Egypte), Venke und Rolf A. Hoff (основач, KaviarFactory), India Art Fair, Jonas Kaufmann (оперски пејач), Jeff Koons (уметник), Bose Krishnamachari (претседател, Kochi Biennale Foundation), Marcel Lazăr (музичар), William Lim (архитект и колекционер), Esther Mahlangu (уметничка), Mazaccio & Drowilal (уметничко дио), Trevyn und Julian McGowan (основач, Southern Guild), Zubin Mehta (диригент), Dominique Meyer (CEO, Teatro alla Scala), Andra Mihai (уметник), Paul Müller (Intendant, Münchner Philharmoniker), Hans Ulrich Obrist (уметнички директор, Serpentine Galleries), Hoseki Okuyama (уметник), Shwetal A. Patel (Founding Member, Kochi-Muziris Biennale), Sabin Penea (музичар), Madalina Ioana Petre (музичарка), Georgie Pope (кураторка, Independent Collectors), Hervé Poulain (поранешен тркач и иницијатор на BMW Art Car Collection), Prateek und Priyanka Raja (основач, Experimenter), Carlo Ratti (соосновач, CRA – Carlo Ratti Associati), Sir Simon Rattle (диригент, London Symphony Orchestra), Magnus Resch (трговец со уметнички дела), Robin Rhode (уметник), Stefan Sagmeister (дизајнер), Philipp Schiepeck (музичар), Matthias Schulz (Intendant, Staatsoper Unter den Linden), Victoria Siddall (Global Director, Frieze Fairs), Roman Sladek (музичар), Marc Spiegler (глобален директор, Art Basel), Julia Stoschek (директорка, Julia Stoschek Foundation), András Szántó (Cultural Strategist), Teatro dell’Opera di Roma, Christoph Wiesner (Director, Le Recontres d’Arles), Lu Yang (уметник), Gary Yeh (основач, ArtDrunk), Samson Young (уметник) und Vanessa Zerahn (Independent Collectors).

Трите дела на Рихтер стојат во фоајето на централата на концернот BMW во Минхен уште од отворањето во 1973 година

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа

За 45-от роденден на GTI: Посебна серија Clubsport 45