Пет модели на Kia, триото СУВ-модели Telluride, Sorento и Soul, како и двете лимузини K5 и Rio, прогласени се за победници во „Изборот на уредниците за 2021 година“ во конкуренција од преку 400 модели.
Моделите Kia Telluride, Sorento, Soul, K5 и Rio заслужија место во изборот на најдобрите автомобили за 2021 година од страна на уредниците на Car and Driver. Станува збор за избор во којшто се посочуваат автомобилите, пикапите, кросоверите и СУВ-моделите кои најмногу се издвојуваат во своите класи. Победниците се избрани по строго тестирање од уредниците на Car and Driver, поткрепено со стручни мерења, на повеќе од 400 модели.
„Ние во Kia постојано сме посветени на уживањето на возачите, на квалитетот и на противвредноста и сме почестени што имаме возила од нашата гама, кои се признаени од Car and Driver,” изјави Шон Јун, извршен директор на северноамериканскиот огранок на Kia. „Тоа што имаме, не еден ,туку пет модели во изборот на уредниците, говори за нашата обврзаност да понудиме наградувани возила во секој сегмент.“
Sorento и K5 – кои се комплетно нови модели во 2021 – им се придружуваат на Топ 10 моделите во своите класи, на Telluride и на Soul, како и на Rio, кој е модел со посебно висока противвредност.
Kia Sorento е на исто рамниште со Honda Passport, Hyundai Palisade и Mazda CX-9 во изборот на уредниците на Car and Driver
„Денес на пазарот постојат голем број автомобили и пикапи што навистина се одлични,“ изјави Шерон Силки Карти, главна уредничка на Car and Driver. „Ова е листа на автомобили што би им ги препорачале на нашите пријатели и роднини, возила што ги цениме како издржливи, безбедни и забавни за возење. Ние би биле среќни со секој – или со сите – автомобили пред нашата гаража.“
Меѓу критериумите за вклучување во листата спаѓаат ригорозно тестирање со инструменти, рангирањето на секој модел во својата класа, субјективните оцени на уредниците за перформансите, противвредноста и исполнувањето на целта за секој од овие модели.