за

Kia започнува кампања за Sportage Black Edition

Kia во новата кампања ја открива „темната страна“ на Sportage – единственото што е темно во историјата на бестселерот е бојата, односно посебните детали на Black Edition.

kia sportage black edition

Темната страна на Kia Sportage Black Edition всушност е светла страна. Вообичаено за посебните моделски серии на Kia, компактниот СУВ во изведбата Black Edition доаѓа со стилски детали во изгледот, со дополнително збогатено ниво на опременост и со одлична протввредност.

Sportage повторно е главен модел во настапот на Kia на македонската автомобилска сцена. Во новата моделска изведба Black Edition, бестселерот на Kia со неколку зафати во изгледот ги нагласува главните обележја на дизајнот на марката. Зафатите главно се однесуваат на каросериските детали што се лакирани во сјајна црна боја, заедно со темни акценти во одредени делови.

Највпечатлива е маската во црна боја со висок сјај и со различен дизајн на решетката, со покрупен растер кој ја истакнува спортска нота на Sportage. Во истиот стил се изведени и бројни други детали, почнувајќи од кровните носачи за багаж, преку страничните прагови и средишно поставеното лого назад, до заштитата на подвозјето. Алу-тркалата од 17 инчи секако дека го заокружуваат стилот и лакирани се во црна боја со висок сјај, исто како и сите украсни лајсни напред, отстрана и назад. Како своевиден потпис за делото на дизајнерите, во црна боја се изведени логото и името на моделот. Стилот го заокружуваат дополнително затемнетите задни стакла.

Black Edition“ пристига на македонскиот пазар во исто време како на сите пазари ширум Европа

Има и „суштински“ зафати, не е сé само во изгледот кај Sportage Black Edition. Предните и задните светла работат строго со диодна техника, а на задните паркинг сензори и камерата за рикверц кои се стандард во претходното ниво LX, тука се добиваат и предни паркинг сензори. Долгото светло се исклучува и вклучува автоматски. Од системите за асистенција дополнително следува систем за одржување на возилото во лента.

Black Edition практично е дополнително ниво на опрема меѓу LX Reference 1 и топ-нивото EX Reference 2, со тоа што се изоставуваат луксузните ставки, како навигација со дисплеј од 8 инчи или озвучување JBL. Со посебен стил, плус.

Моделската изведба Kia Sportage Black Edition, македонскиот увозник ја нуди во верзија со 1,6-литарски атмосферски бензинец со директно впркување и моќност од 132 КС. Редовната цена е 22.550 евра, акциската цена за моделот е 19.950 евра. Моделот од екстра-серијата Black Edition практично има иста цена со верзијата со турбо-бензинец со 177 КС, но со ниво на опрема LX Reference 1.

Секој Sportage што излегува од македонските салони стандардно располага со автоматска двозонска клима, средишен дисплеј од 8 инчи со поврзување со паметен телефон, греење на ретровизори, електрична паркирна сопирачка, темпомат, кожа на волан и на рачка на менувач, алу-тркала од 17 инчи, собирање на надворешни ретровизори и магленки, како и спомнатите паркинг сензори напред, заедно со камера за рикверц. Подудата во гамата на Kia Sportage почнува од 17.950 евра.

Мошне е свеж и конфигураторот што е достапен на вебсајтот на Киа Моторс Македонија

https://kia.mk/configurator/sportage

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Eclipse Cross

Mitsubishi пред одлука да произведува во Renault за Европа

Toyota Suzuki соработка

Сузуки-сан заминува во пензија на 91 година