за

Mitsubishi пред одлука да произведува во Renault за Европа

Mitsubishi Motors е можно да произведува во фабриките на Renault во Франција, што би значело отстапување од ланската одлука за повлекување од Европа.

Mitsubishi Eclipse Cross

Јапонскиот производител Mitsubishi ќе го каже конечниот план во четврток, на 25-ти февруари. Информацијата доаѓа од човек што директно учествува во одлучувањето.

Mitsubishi лани го објави планот за реструктурирање „Small Is Beautiful” со којшто се предвидуваше замрзнување на лансирањето на нови модели во Европа. Планот понатаму предвидува скусување на фиксните трошоци за 20% и посветување на регионот на Југоисточна Азија, каде што Mitsubishi е посебно силен.

Мерките за трансформација на компанијата ги затегнаа односите на Mitsubishi со партнерите Renault и Nissan. Ситуацијата дополнително беше отежната со починувањето на поранешниот претседател Осаму Масуко лани. Mitsubishi извесно време се соочува со стагнација на европскиот пазар, со удел од околу 1% кој не се зголемува веќе подолго од една деценија.

Алијансата на трите компании Renault, Nissan и Mitsubishi работи на план за подлабока соработка, со цел да се развиваат и произведуваат автомобили што ќе доведат до повторно зголемување на побарувачката за нивните модели. Nissan во почетокот на месецов соопшти дека ќе произведува мали достсавни возила во фабриката на Renault во Мобеж, во северна Франција.

Renault во меѓувреме се соочува со неопходност за отпуштање на илјадници вработени во Франција, во услови кога фабриките работат далеку под прагот на рентабилност. Тоа би можело да се спречи со преземање на продукцијата на моделите на Mitsubishi за европскиот пазар.

Партнерството уште закрепнува од приведувањето на поранешниот шеф Карлос Гон во 2018 година, кој ги откри големите разидувања во ставовите меѓу Renault и Nissan. Францускиот производител поседува 43% од акциите во Nissan, кој пак поседува 34% од акциите во Mitsubishi.

>>> Новиот Mitsubishi Outlander е „и-фу-до-до“

mitsubishi outlander 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Шефот на BMW цени дека браншата напредува побрзо од Tesla

kia sportage black edition

Kia започнува кампања за Sportage Black Edition