за

Шефот на BMW цени дека браншата напредува побрзо од Tesla

Оливер Ципсе, првиот човек на BMW, цени дека електро-офанзивата на баварскиот производител ќе го запре растот на Tesla.

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Офанзивата со модели со електричен погон на BMW ќе го запре силниот раст на предводникот на електричниот погон Tesla, цени извршниот директор Оливер Ципсе.

Оптимистички изјави од првиот човек на BMW, Оливер Ципсе, на иноваторската конференција DLD All Stars. Главниот менаџер на минхенскиот производител на премиум автомобили цени дека „на Tesla повеќе нема да ѝ биде толку лесно да го задржи темпото што го гледавме досега, затоа што остатокот од индустријата напредува брзо“.

Наспроти традиционалните производители на автомобили, шефот на Tesla, Илон Маск, рано вложи во електричните автомобили. Откако целата бранша масовно се преориентира на електромобилноста, Tesla стана далеку најскапа автомобилска фирма на берзата. Компанијата моментно гради фабрика за автомобили и батерии за европскиот пазар, во близина на Берлин.

Новиот електричен СУВ-модел iX3 е еден од моделите со коишто BMW настапува како конкурент на Tesla. „Нашата амбиција е да ги произведуваме ‘најзелените’ возила во нашата индустрија, почнувајќи од суровините, преку синџирот од добавувачи и производството, до рециклирањето“, изјави Ципсе. Производството на батерии кај добавувачите се одвива целосно со еколошка струја, додека сопственото производство е неутрално во однос на емисијата на СО2.

Конференцијата DLD (Digital Life Design) е организирана од медиумскиот концерн Burda и истата има за цел да воспостави мост меѓу технологијата, економијата и културата. Настанот годинава се одржува во дигитална форма, инаку се одржува во Минхен.

>>> Десетгодишнина на BMW на струја

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi хибрид

Приклучните хибриди на Audi добиваат посилна батерија и подолг досег

Mitsubishi Eclipse Cross

Mitsubishi пред одлука да произведува во Renault за Европа