Десетгодишнина на BMW на струја

bmw i

Десет години на BMW i, на подмарката електрични возила на минхенската куќа. Најавениот старт на супер-техно моделот BMW iX во текот на годинава, меѓу другото и на македонскиот пазар, точно покажува колку во меѓувреме се прошири распонот на електричните модели на BMW, од првиот модел BMW i3.

BMW цела 2021 година ќе ја мине во знак на десетгодишнината од формирањето на подмарката за електрични возила BMW i. Темата често ќе биде присутна на друштвените мрежи, а врвот на одбележувањето на десетогодишнината на „i“ ќе се случува на салонот IAA 2021, во септември во Минхен.

Електричната подмарка на BMW е замислена како еден вид прозорец во иднината. Моделите опд понудата на BMW I секогаш се (најмалку) еден чекор понапред од моделите од традиционалните серии 3, 5, 6 итн. Слично на мерцедесовиот CASE (конективност, автономно возење, услуги, електромобилност), така и развојот во BMW се одвива според DACES (Design, Autonomous, Connected, Electrified & Services/Shared).

Производството на BMW iX почнува за неколку месеци, како технолошки знаменосец на групацијата BMW, кој поставува нови мерила во поглед на спомнантите „D-Aces“. Брзо потоа ќе следи светската премиера на BMW i4, првиот целосно електричен модел на Баварците, што е позициониран во самото јадро на концернот, во средната класа, или поточно во класата на спортските премиум-лимузини.

Струјата што ќе се користи за производството на BMW iX ќе потекнува целосно од обновливи извори

Во двата модели работи погон што се базира врз во меѓувреме петтата генерација на електричниот погон BMW eDrive. Погонот се разликува од останатите и во тоа што во него не се користат ретки минерали, а се внимава и на социјалните стандарди при обезбедувањето на суровините.

До 2023 година, групацијата ќе нуди 25 електрични модели и приклучни хибриди. До 2030 година, целта е на улиците да возат над 7 милиони возила со електрифициран погон. Две третини од тие возила се очекува да бидат со чисто електричен погон. Следната генерација на Серијата 7 ќе се нуди и во чисто електрична изведба, а по неа ќе следат и електрични верзии на серијата 5 и на BMW X1.

https://www.instagram.com/p/CLeqX4aL4qw/

 

Претходна објаваFord Puma добива 7-степен автоматик за благиот хибрид
Следна објаваХамбург доби 800 електрични VW ID.3, се изнајмуваат на улица

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here