за

Хамбург доби 800 електрични VW ID.3, се изнајмуваат на улица

Посебен огранок на Volkswagen, посветен на јавно достапни возни паркови, на граѓаните на Хамбург им нуди 800 електрични возила ID.3, кои може да се изнајмат директно на улица и да се користат дури и само неколку минути.

Volkswagen id 3 WeShare hamburg carsharing

Јавно достапните возни паркови веќе се одомаќија во голем број метрополи ширум светот, но корона го погоди и тој бизнис. Големите компании воведоа неколку заштитни мерки во таа насока и продолжуваат, Volkswagen сега понуди 800 електрични возила ID.3 за краткотрајно изнајмување во убавиот пристанишен град Хамбург.

Концернот Volkswagen го почна пилот-проектот WeShare во 2019 година, во германската престолнина Берлин. Од следниот четврток (25.9), услугите на WeShare ќе можат да ги користат и граѓаните на Хамбург. Станува збор за т.н. carsharing, односно за возила што може да се најдат насекаде низ градот, да се изнајмат директно на улица и да се отклучат преку мобилна апликација, да се користат неколку минути или часови и да се остават на најблиското паркиралиште. Концернот Volkswagen со тоа постигнува два погодоци: Прво го популаризира електричниот погон, второ го шири бизнисот со т.н. услуги за мобилност, односно со понуда на возила за изнајмување.

Целта на WeChare и на Volksswagen е нивната понуда да биде достапна во најголемите европски метрополи. Корона ги запре плановите. Проектот во Хамбург стартува со доцнење од половина година. Точно 800 електрични Volkswagen ID.3 ќе стојат на располагање во „Барселона на Северното Море“, како што многумина го познаваат пристанишниот германски град Хамбург.

За да го поттикне штотуку стартуваниот бизнис во Берлин, кој се најде силно погоден од корона-кризата, WeShare лани презеде неколку чекори. Прво, компанијата обезбеди цената на паркирањето за време на користењето на возилото да се сведе на само 5 центи. Понатаму, на членовите на Каритас и на медицинскиот персонал им беа поделени ваучери за користење на воизлата. Само членовите на Каритас ги користеле возилата 25.000 пати и изминале четвртина милион километри. На крајот на годината, WeShare во Берлин имал двојно повеќе клиенти отколку пред почетокот на кризата.

Во меѓувреме, во Берлин има над 100.000 корисници на WeShare, од кои половината ги користат возилата на WeShare најмалку еднаш месечно. Многумина во време на криза ги користеа возилата како безбедна замена за јавниот превоз. Возилата се чистат и дезинфицираат многу почесто отколку во редовни услови. Корисниците имаа доверба во услугата.

https://www.instagram.com/p/CLezbd2gioM/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i

Десетгодишнина на BMW на струја

kia рекорден удел јануари 2021

Kia во јануари со рекордни 4,0% удел во Европа