за

Приклучните хибриди на Audi добиваат посилна батерија и подолг досег

Изведбите со приклучен хибриден погон во гамата на Audi Q5, A6 и A7 отсега доаѓаат со литиум-јон батерија од 17,9 kWh, досегот се продолжува до 91 километри.

audi хибрид

Audi вградува посилна батерија во изведбите со приклучен хибриден погон во гамата на Q5, A6 и A7 Sportback. Новина во понудата е комбито A6 Avant als 50 TFSI e quattro.

Приклучните хибриди Audi Q5 TFSI e, Audi Q5 Sportback TFSI e, како и A6 Limousine, A6 Avant и A7 Sportback, отсега доаѓаат со батерија со бруто капацитет од 17,9 киловатчасови, место 14,1 киловатчасови како досега. Тоа во најдобар случај значи досег до 91 km при возење чисто на струја, според нормата WLTP. При користење обичен електричен полнач од 7,4 kW, батеријата се полни за околу два и пол часови.

Големината на батеријата остана иста, а тоа значи дека и зафатнината на багажникот не е сменета. Најмала зафатнина на багажникот има A6 Avant (405 литри), најголем е багажникот на Q5 со 465 литри. Со соборена клупа, вредностите се 1.535 литри (A6 Avant) односно 1.405 литри (Q5).

Нов модел во понудата од приклучни хибриди е A6 Avant 50 TFSI e quattro со системска моќност од 299 КС и вртежен момент од 450 Nm. Погонот е комбинација од 2.0 TFSI и електромотор со 105 kW. Редовната цена од 61.790 евра во Германија подлежи на субвенции во висина од 9.000 евра, исто како и останатите „50 TFSI е“ модели на Audi во гамата на Q5, A6 и A7 Sportback.

Четири режими на работа, вклучувајќи и „полнење“

Новина во петте модели со приклучен хибриден погон е четвртиот работен режим Charge, покрај EV, Auto и Hold. По потреба, на пример, пред влегување во зона во којашто се дозволува само пристап со возила со ултра ниска штетна емисија, возачот може да префрли во Charge и енергијата на моторот при возењето да се користи за полнење на батеријата.

Моделите Audi Q5, A6 Limousine и A7 Sportback исто како досега се достапни во две варијанти на моќност: Како 55 TFSI e со системска моќност од 367 КС и како 50 TFSI e со 299 КС. Двете варијанти комбинираат мотор 2.0 TFSI со електромотор, којшто е интегриран во седумстепениот менувач со двојна спојка S tronic.

Audi во својата понуда од модели со приклучен хибриден погон ги има уште компактните модели A3 Sportback, Q3 и Q3 Sportback, како и лимузините од вишата и луксузната класа Q7, Q8 и A8.

Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

>>> Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes c-class

Mercedes C-Class традиционално e празник за автомобилската сцена

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Шефот на BMW цени дека браншата напредува побрзо од Tesla