Волво е убеден дека Е Икс 60 ќе постигне маржа што ќе биде споредлива со моделите со мотор со внатрешно согорување. Испораките во Европа и САД ќе започнат налето. Волво не соопшти дали планира Е Икс 60 да го продава во Кина.
Волво направи храбар чекор во насока на електромобилноста и го пушти во продажба Е Икс 60, којшто во почетокот ќе ѝ се придружи на најпродаваната моделска серија на Волво, на Икс Ц 60 со мотори со внатрешно согорување. Во видно време, тој веројатно ќе го надживее Икс Ц 60 и од него ќе ја преземе улогата на нов бестселер на шведската марка.
Планот звучи одлично, меѓутоа Волво од 2024 година наваму мораше двапати да го коригира својот курс во намерата да стане производител што ќе нуди само целосно електрични возила.
На извршниот директор на Волво, Хакан Самуелсон, не му се допаѓа тоа што неговата марка мораше вторпат да го менува курсот. Тој е убеден дека на инвеститорите им се испраќа добар знак, со тоа што Волво преку својата својата посветеност на електричните автомобили им покажува дека е „компанија што гледа кон иднината“. Сепак, расположението на инвеститорите е важно за движењето на вредноста на акциите на шведската компанија што котираат на берзата.
„Ние ќе бидеме уште посилни откако ќе преминеме на струја,“ изјави Самуелсон пред новинарите во минатиот ноември.
Волво првпат го прикажа Е Икс 60 пред светот на настан што се одржа во Стокхолм на 21-ви јануари. Швеѓаните се убедени дека СУВ-моделот од средната класа ќе биде клучна пресвртница во понудата од модели на Волво. Тој постигнува досег до 810 километри, за 10 минути полни енергија за 340 километри и ценовникот му почнува малку над 60.000 евра.

Самуелсон изјави на 21-ви јануари дека Е Икс 60 е најважниот нов модел под негова надлежност како шеф на Волво. Тој во минатиот април се врати на шефовското место, откако беше на служба како извршен директор во периодот од 2012 до 2022 година.
Волво е свесен дека влогот е голем, и од таа причина, Е Икс 60 како соперник на БМВ и Икс 3 и Мерцедес-Бенц ГЛЦ Е Ку, воведува десет пресвртници за марката.
Најважната промена што ја донесува Е Икс 60 е во тоа што ќе постигне продажба и ќе донесе добивка исти како кај моделите со мотор со внатрешно согорување. Сите батериски електрични модели на Волво досега, не успеаја во таа задача.

Волво уште при премиерата во Стокхолм на 21-ви јануари ги отвори книгите со нарачки за Е Икс 60. По неколку месеци ќе се приклучи и пазарот во САД. Испораките на двата пазари ќе започнат налето.
„Нема сомнежи дека кај него ќе почне да се гледа добра маржа од еден електричен автомобил,“ кажа Самуелсон во септември.
Волво го нуди Е Икс 60 по споредлива цена со изведбата на Икс Ц 60 со приклучен хибриден погон.
Акил Кришнан, кој е одговрен за моделските серии 60 на Волво, каде што спаѓа и електричниот Е Икс 60, вели дека било клучно да се постигне таа цена.
„Најмногу ме одушевува тоа што на луѓето конечно им се овозможува да добијат ЕВ, којшто не прави компромиси во поглед на повисока цена или во поглед на тоа колку далеку може да се патува и колку брзо полни,“ изјави Кришнан пред новинарите при премиерата на Е Икс 60.

Колку е конкурентна цената на Е Икс 60 во однос на соперниците?
Цената на основниот модел на Е Икс 60 во Германија изнесува 62.990 евра. Тоа е близу 6.000 евра под основниот модел на БМВ и Икс 3 и 4.700 евра под електричниот Мерцедес-Бенц ГЛЦ Е Ку, на домашниот пазар на германските премиум марки.
Со таа цена, електричниот СУВ е под изведбата од Икс Ц 60 со погон на сите тркала и приклучен хибриден погон, којшто во Германија чини 67.990 евра. Кришнан сепак посочи дека изведбата од Е Икс 60 со погон на сите тркала ќе има иста цена со Икс Ц 60 ПХЕВ со погон на сите тркала и ќе чини околу 68.000 евра.
Претставник на Волво во Германија претходно наведе дека шведскиот производител очекува околу 70 до 80 проценти од продажбата на Е Икс 60 да отпаѓа на возни паркови, односно службени возила и рентакар, каде што на клиентите им е најважна месечната рата, вклучувајќи осигурување и одржување.

Волво не ја соопшти висината на месечната рата за возни паркови во Германија, но претставникот наведе дека таа ќе биде „мошне конкурентна“ со Икс Ц 60 ПБЕВ, БМВ и Икс 3 и Мерцедес-Бенц ГЛЦ Е Ку.
Е Икс 60 е прв електричен Волво што минува преку 800 километри со полна батерија. Досегот според ВЛТП изнесува 610 километри.
Волво наведе дека „многу добро опремената“ изведба на Е Икс 60 во САД ќе чини „околу 60.000 долари“, вклучувајќи транспорт, но без локални давачки и даноци. Икс Ц 60 ПХЕВ во моментов чини 62.545 долари во САД.
БМВ најави дека И Икс 3, чијашто продажба во САД ќе започне налето, исто така ќе чини околу 60.000 долари. Во меѓувреме, повеќе извори посочија дека и целосно електричниот ГЛЦ ќе стартува од таа цена, кога ќе почне со продажа во САД налето.
На прашањето дали е загрижен околу шансите на Е Икс 60 да успее во САД, каде што побарувачката за БЕВ опадна откако владата на Трамп кон завршетокот на 2025 година го укина даночното ослободување во висина од 7.500 долари за ЕВ, Кришнан одговори: „Ако можеме да го понудиме Е Икс 60 по цена на ПХЕВ, да овозможиме 400 милји досег и брзо полнење, тоа ќе биде доволно за луѓе во САД да купат ЕВ од Волво.“
Самуелсон додава: „Не само што ќе го достигнеме рамништето на останатите играчи, туку и ќе ги надминеме. Ние ќе станеме број 1 премиум автомобил“ во сегментот на електричните СУВ од средна класа.“
Софтверските грешки се надминати
Грешките во софтверот го одложија стартот на електричниот СУВ знаменосец Е Икс 90 за две години. Тоа го искористи целосно електричниот Ауди Ку6 Е-Трон, којшто ја заврши 2025 како најпродаван голем СУВ од премиум марка во Европа.
Волво овојпат нема да доцни и влегува во сегментот на премиум модели од средна класа во приближно исто време со и Икс 3 и со целосно електричниот ГЛЦ. Во 2025 година, целосно електричните модели учествуваа со продажбата во овој сегмент со 600.649 продажби, предводени од Ауди Ку4 Е-Трон со продадени 49.260 возила.
Нарачките за Е Икс 60 во Европа ќе стартуваат на 21-ви јануари, а неколку месеци подоцна следат САД. Се очекува дека испораките на двата пазари ќе започнат налето.
Волво уште ги проверува плановите да го продава Е Икс 60 во Кина, вели Кришнан.
Е Икс 60 ќе се произведува во Торсланда, во близина на Гетеборг, почнувајќи во април.
Кога Самуелсон го пушти Волво на берзата во 2021 година, тој предвиде дека шведскиот производител со преоѓањето на електрични автомобили ќе стане уште поконкурентен против германските премиум соперници.
Самуелсон кажа дека одвај чека Е Икс 60 да го види во борба против и Икс 3 и ГЛЦ.
„Тоа ќе биде навистина добро за целиот електричен пазар во Европа, затоа што ќе има силна понуда во сегментот, со соперништво меѓу БМВ, Мерцедес и Волво“, изјави Самуелсон лани.
Е Икс 60 е прв модел на Волво што ќе користи т.н. мега леење, конкретно за изработка на целиот заден под во еден дел. Со тоа се заменуваат стотици ситни делови, со една единствена одливка од алуминиумска легура.
Кои се пресвртниците што ги постигн Волво Е Икс 60?
- Тоа е прв БЕВ на Волво што минува преку 800 километри со полна батерија. Досегот според ВЛТП е 810 километри. Според нормите ЕПА во САД, досегот е 400 милји.
- Прв модел на Волво што за 10 минути полни енергија за 340 километри пат, што е најбрзо полнење во целата БЕВ-гама на Волво.
- Прв БЕВ на Волво што полни со моќност до 400 киловати.
- Прв модел на Волво што користи мега леење, конкретно за изработка на целиот заден под во еден дел. Со тоа се заменуваат стотици ситни делови, со една единствена одливка од алуминиумска легура. Се заштедува време и пари. Волво посочи дека уделот на рециклати е зголемен на близу 100 проценти, од 50 проценти претходно, благодарејќи на тоа што сиот материјал што влегува во ливницата се искористува за одливки. Тежината на задниот под од Е Икс 60 е смалена за 15 до 20 проценти. Тоа е добро и за досегот.
- Прв БЕВ на Волво со батерија што е составен дел од каросериската структура. На тој начин батеријата помага во зголемнувањето на крутоста на каросеријата. Енергетскта густина се зголемнува за 20 проценти, се смалува тежината, и батеријата зафаќа помалку простор. Полнењето забрзува 31 проценти затоа што преку подобрената интеграција полесно се доведува струја до батериските ќелии.
- Прв модел на Волво што ја користи третата генерација од скалестата платформа СПА3.
- Прв модел на Волво со Пилот Асист Плус, којшто дозволува возење без дланките на воланот со брзина до 130 км/ч. Кришнан кажа дека системот во почетокот ќе работи само за задржување на лента и ќе овозможи самостојно престигнување. Поглед во ретровизорот ќе биде доволен за возачот да му укаже на возилото дека треба да го престигне автомобилот напред. Автомобилот ќе го преземе управувањето и менувањето лента додека возачот гледа пред себе.
- Прв Волво со нова генерација на кокпит што се базира врз чипови Спендрагон од Квалком. Тоа е најбрз процесор што досега е вграден во модел на Волво. Системот реагира брзо и патниците можат по пат на АИ да комуницираат со возилото, благодарејќи на уште една премиера, на Гугл Џеминај. Патниците можат да разговараат со возилото, да побараат Џеминај да го најде хотелот што го имаат букирано преку е-мајл, да проверат дали предмет што го купиле неодамна го собира во багажникот и слично.
- Прв модел на Волво што врши преку 250 трилиони операции во секунда, и што учи буквално со секој километар. Автомобилот ќе користи искуства од други модели на Волво ширум светот, вклучувајќи незгоди и опасни ситуации, за да се унапредува низ времето.
- Прв модел на Волво со адаптивен паметен безбедносен ремен, што производителот кој го изуми првиот ремен со три точки уште во 1950-те, очекува дека ќе биде уште поделотворен во заштитата. Ременот што е развиен во соработка со германскиот добавувач ЗФ, се приспособува посебно според различни сценарија на судир, благодарејќи на вградените сензори.
За да го прошири кругот на купувачи на Е Икс 60, Волво ќе понуди теренска изведба Крос Кантри. Стартната цена за овој модел во Германија ќе изнесува 68.990 евра.
Крос Кантри има поширока трага и заштитни облоги околу арките во крилата во спроедба со стандардниот Е Икс 60. Растојанието од подлогата е зголемено за 20 милиметри, и во комбинација со пневматска амортизација може да се зголеми за уште 20 милиметри.
При повисока брзина, каросеријата се спушта за да се подобри аеродинамичноста и да се смали потрошувачката.
Кои се понудените погонски опции кај Е Икс 60
На располагање стојат три погонски варијанти.
Моделот со заден погон и 374 КС располага со еден електромотор и батерија од 83 киловатчасови. Досегог е 620 километри, потрошувачката изнесува 14,7 кВч на сто километри.
Верзијата П10 со погон на сите тркала има два електромотори, еден напред и еден назад, со батерија од 95 кВч. Вртежниот момент е 710 њутнметри. Досегот изнесува 660 километри, потрошувачката 15,7 кВч/100 км. Во почетокот ќе се нуди само оваа верзија П10.
Верзијата П12 со моќност од 680 КС и вртежен момент од 790 њутнметри има два електромотори и батерија од 117 кВч. Досегот е 810 километри, потрошувачката 16 кВч/100 км.
Испораката на варијантите П6 и П10 во Европа, САД и југоисточна Азија, без Кина, ќе започне налето, додека верзијата П12 ќе следи подоцна во текот на годината.
















