Електричен Форд со новите субвенции во Германија се купува 11.000 евра поевтино

Форд понуди посебен попуст покрај субвенцијата во висина до 6.000 евра што следи за нов електричен автомобил во Германија.

Електричен Форд Експлорер со субвенцијата и попустот чини 28.900 евра во Германија; Техниката доаѓа од Фолксваген

Форд им одобрува попуст во висина од 5.000 евра на приватните купувачи на електричен автомобил во Германија. Доколку се добие максималната субвенција, некои електричн модели на Форд се купуваат 11.000 евра поевтино.

Марката со синиот овал не се снајде со електрификацијата, но сега виде шанса да го искористи новиот купувачки дух што е поттикнат со масивните субвенции во Германија. За неколку модели на Форд со целосно електричен или приклучен хибриден погон, се добива попуст во висина од 5.000 евра.

За разлика од субвенциите, чијашто максимална вредност од 6.000 евра е условена со висината на примањата во кругот на семејството, со бројот на деца во семејството и други барања, попустот на Форд важи за сите купувачи на посочените модели со електричен или хибриден погон.

Производителот на овој начин реагира на програмата за субвенционирање што Германија ја воведе со важност од 1-ви јануари 2026 година, со буџет во висина од 3,3 милијарди евра, којшто ќе биде доволен за до 2029 година да се потпомогне купувањето до 800.000 електирчни и хибридни автомобили во земјата.

Попустот од 5.000 евра важи за електричните изведби на Форд Експлорер и Форд Капри, коишто патем користат техника од Фолксваген и го имаат истиот погон со ИД.4 и ИД.5, како и за електричните Форд Пума Ген-Е и Форд Мустанг Мах-Е, и за Форд Куга со приклучен хибриден погон.

Намерата на Берлин со новата програма за субвенционирање е на семејствата со ниски до средни примања да им помогне да купат електричен автомобил, а покрај тоа секако дека ѝ се помага и на сопствената автомобилска индустрија во земјата, којашто има голем придонес за германската економија.

Модел Редовна Цена Попуст Субвенција Конечна цена
Puma Gen-E 36.900 € 5.000 € 6.000 € 25.900 €
Explorer 39.900 € 5.000 € 6.000 € 28.900 €
Capri 42.400 € 5.000 € 6.000 € 31.400 €
Mustang Mach-E 56.500 € 5.000 € 6.000 € 45.500 €
Kuga Plug-in-Hybrid 39.950 € 5.000 € 4.500 € 30.450 €

Поднесувањето барање за субвенционирање ќе почне во мај 2026 година и ќе важи ретроактивно, значи за сите возила што се купени од 1-ви јануари 2026 година натаму. Помошта важи само за нови електрични возила што се регистираат во Германија. Субвенцијата се исплаќа врз основа на регистрацијата на возилото, место на купопродажниот договор.

Претходна објаваМерцедес-Бенц за врвниот резултат на ЦЛА: „Не се грижиме само за безбедноста на патниците, туку на сите учесници“
Следна објаваВолво ја вложува иднината во Е Икс 60, соперник на БМВ и-Икс-3 што ќе го освојува светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here