за

Volkswagen запира со нарачки за Transporter T6.1, сé е распродадено до 2024

Volkswagen Transporter T6.1 е планирано да се произведува до средината на 2024 година. Но, поради преголемата побарувачка, VW размислува да престане со примање нарачки за овој модел со класичен погон.

Кој планира да нарача Volkswagen Transporter T6.1 од фабрика, подобро е за тоа да се реши поскоро. Според информациите на германските медиуми, Volkswagen Nutzfahrzeuge – огранокот за товарни возила, кусо VWN, планира наскоро да запре со примање нарачки за моделот. Причината е во побарувачката што е поголема од планираната продукција, до истекот на продукцискиот период за T6 до средината на 2024 година.

„Со T6.1 речиси сме распродадени до завршетокот на производството“ изјавил директор во VWN, кој не сака да биде именуван. „Во наскоро време ќе мораме да ги затвориме книгите со нарачки.“ Постои мала неизвесност околу запирањето со нарачките, затоа што уште не е утврден точен датум до којшто ќе се произведува моделот. Медиумите располагаат со информации дека тоа би се случило најдоцна во следното лето.

Долги рокови на испорака

„Имајќи го предвид претстојниот завршеток на производството на T6.1 во средината на 2024, ставивме посебно внимание на бројот на нарачки што ни пристигаат, за на тој начин да осигураме дека ќе ги произведеме сите постојни и идни нарачки, како и да ги испорачаме истите“, одговараат од огранокот за доставни возила на Volkswagen.

Во моментов е голем бројот на нарачани возила, коишто не можеше да се произведат во 2022 година, поради недостигот од делови. Покрај тоа, побарувачката и натаму е висока, и со тоа уште повеќе расте бројот на возила што допрво треба да се произведат. „Долгите рокови на испорака се последица од тоа“.

Според круговите во концернот, датумите за испорака на T6.1 досегаат дури до првата половина од 2024 година. До крајниот датум, 30-ти јуни, остануваат уште само неколку месеци. Поради непредвидливото снабдување со делови од добавувачите, VWN е можно да не стигне со испораките.

Наследникот ќе ја дели техниката со Ford и ќе се произведува во Турција

Одложување на крајот на производството не е опција. Поради претстоојните измени на законите на ЕУ, VWN во тој случај би требало да вложи дополнително во доставниот модел. Наследникот на T6.1 ќе користи техника од Ford. Идниот модел на Volkswagen ќе се произвеедува заедно со Transit во Турција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat држи близу две третини од градската класа во Швајцарија

Dacia Sandero е најпродаван модел во Европа во јануари