Дури 59 проценти од продадените автомобили од градската класа, лани во Швајцарија, се од марката Fiat. Заслугата за тоа му припаѓа главно на електричниот Fiat Nuova 500, но и моделите Fiat 500 hybrid, Abarth 500 и Fiat Panda им се по вкусот на швајцарските возачки и возачи.
Fiat 500 во сите свои варијанти, а тоа значи во електричната, хибридната и Abarth-изведбата, бил десетти најпродаван модел во Швајцарија лани. Само електричниот Fiat Nuova 500, во својата категорија на погон е осми најпродаван модел во алпската земја.
Viva la Fiat! Уште една година по ред, Fiat 500 и Abarth ја предводат листата на најпродавани градски автомобили во Швајцарија. Тоа што увозникот за Fiat наведува дека најмногу ги привлекува клиентите, се дизајнот, технологијата и изборот од различни мотори, односно чисто електричен погон, благ хибрид и „навиен“ турбо бензинец.
Fiat уште од 2005 година е предводник на пазарот на градски автомобили во Швајцарија. Во 2022 година, Fiat 500 повторно се најде меѓу десетте најпродавани автомобили на пазарот.
View this post on Instagram
Голем успех постигнува и чисто електричната изведба Fiat Nuova 500 – кај нас со ознака Fiat 500e – како осми најпродаван модел со погон на батерија. Освен со погонот, електромобилот што го носи култното „име“ се одликува и со одлична поддршка за онлајн-услуги, односно поврзување со телефон, со дисплеј од 10,5 инчи и со систем за автономно возење од 2-ро ниво.
На чистиот воздух е уживање да се вози и кабриолет изведбата на Fiat 500. Швајцарскиот увозник пушти и специјална серија од оваа изведба, со скап аудио систем од JBL, нагоден точно за моделот, токму од прочуениот оперски пејач Андреа Бочели.
















