за

Вака се тјунира Volkswagen Tiguan во американски стил

Volkswagen во САД често практикува да работи на заеднички проекти со познати работилници, од коишто произлегуваат интересни концепти.

Најновото концептно возило на Volkswagen од серијата преработки што се води под името Enthusiast Fleet e базирано врз Tiguan SE R-Line и ја носи додавката Black RiNo.

Името на кастом-преработката на Volkswagen Tiguan R-Line доаѓа од уметничката населба во центарот на Денвер, во американската сојузна држава Колорадо. Дизајнер е Џејми Ор, а партнери во проектот беа уште голем број мали фирми што изработуваат специјални додатоци.

Интересна е замислата зад целиот проект. Tiguan е ценет и поради неговите теренски способности, но овојпат истите беа жртвувани со цел да се постигнат максимални возни својства на асфалт. Кога завршува асфалтот, презема велосипедот – Ор и самиот е љубител на велосипедизмот и за проектот избра модел од калифорниската марка Marin Bikes. Секако, велосипедот Alpine Train 2 поседува рамка од карбон. За превоз на велосипедот служи носач Thule T1.

New item by Automedia MK / Google Photos

Гумите се Continental SportContact 5P со димензија 285/35ZR20, пошироки за 50 mm од стандардните и ставени на тркала Rotiform® OZR со ширина од 10,5 инчи. Секако дека е интервенирано и во подвозјето. Вградена е висински приспособлива амортизација Solo-Werks, сериските сопирачки дискови се заменети со поголеми, од Forge Motorsport USA, заедно со 6-клипни сопирачки клешти од истиот производител.

Додадени се алу-штитници на праговите, од понудата на прибор на Volkswagen, лакирани во мат црна боја. Џејми Ор вгради и нов издувен систем од Borla, со посебно изработени издувни завршетоци што одговараат на задниот спојлер на R-Line. Не недостига и кровен спојлер.

New item by Automedia MK / Google Photos

Бројни зафати се извршени и во внатрешноста. Вниманието посебно го привлекува бирачот на менувачот од CNC-изработка, дизајниран и произвееден од Black Forest Industries од Северна Каролина.

Tiguan SE R-Line Black RiNo Concept беше претставен пред публиката на собирот Еуротрипер на Флорида.

>>> Volkswagen Tiguan во освежено издание во Порше

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Continental GT3 со биогориво ќе се качува на Пајкс Пик

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Тиквеш, рудници, мистерии, глетки за паметење