
Во Марторел, во главното седиште на Сеат и Купра, Фолксваген одржа свечено пуштање во работа на новиот погон за монтажа на батериски системи. Оттука на секои 45 секунди ќе излегува по еден готов батериски пакет, што при полна искористеност значи 1.200 батериски системи дневно и 300.000 годишно.
Сеат и Купра имаат улога да ја предводат електричната офанзива во рамките на целиот концерн, за помалите модели, односно за семејството модели што се води како Електрик Урбан Кар Фемили.
Во Марторел наскоро ќе започне производството на Купра Равал и на Фолксваген ИД.Поло. Новата фабрика за батерии ќе биде задолжена за снабдување исклучиво на автомобилите што ќе се произведуваат во Марторел.
Фабриката е дел од стратегијата за батерии на концернот Фолксваген. Благодарение на сопственото производство, таа нема да биде зависна од снабдување од трета страна. Фолксваген ќе ги произведува дури и батериските ќелии и за таа цел ќе започне со нивно производство во Шпанија.
Ќелиите ќе пристигаат од Сагунт
Ќелиите за Марторел според првичнитепланови требаше да доаѓаат од шпанскиот Сагунт, покрај Валенсија. Но, огранокот Пауер Ко, којшто е задолжен за батериите во концернот Фолксваген, го одложи стартот на таму планираната гигафабрика за 2027 година.
[the_ad id=”85764″]
Покрај тоа, во Памплона ќе се произведуваат Шкода Епик и Фолксваген ИД.Крос. „Четири модели од треи маркик, сите од Шпанија, предводени од Сеат и Купра – од Европа за Европа,“ изјави шефот на марката Фолксваген при свеченото пуштање во работа во Марторел.
Ќелиите што се потребни за Марторел ќе пристигаат од фабриката на Пауер Ко во Залцгитер и од снабдувачи во Кина.
Фолксваген ги приспособи плановите
Фолксваген во моментов спроведува стратегија „произведи и купи“. Според Шефер, 50 проценти потекнуваат од сопствено производство, 50 проценти од трета страна од Кина и Кореја. Двата компактни СУВ од Памплона се снабдуваат со батерии од добавувачот Мобис, којшто изработува исти батериски пакети со пакетите што ги произведува самиот Фолксваген.
Ефикасно раководење со производствената мрежа
Целта на Фолксваген е да се постигне потесна соработка во производството меѓу одделните марки, за на тој начин да се зголеми ефикасноста. Тоа важи за платформите, за производствените погони и за добавувачите.
Фолксваген одреди пет региони ширум светот, коишто раководат со производствената мрежа и во коишто се наоѓаат фабриките. Марките во овие фабрики делат исти платформи, производствени линии и снабдување со делови. Иберискиот полуостров е еден од тие пет региони. Шефер: „Одиме на максимална синергија“.















