Во САД: Жена се породила во роботски автомобил на пат до болница

На роботските автомобили им успеваат секакви предизвици, од снаоѓање во метеж, избегнување незгода, до заобиколување погрешно паркирани возила, а сега и пораѓање.

Бремена жена во Сан Франциско повикала роботски автомобил на Вејмо за да ја превезе до болница, но веќе било доцна. Бебето се родило на задната клупа на автомобилот.

Тимот на Вејмо што далечински надгледува како се снаоѓаат нивните роботски автомобили и што се случува во нив, на камерата забележал несекодневна активност во возилото. Тие ја повикале патничката за да дознаат што се случува, за веднаш потоа да се јават на 911. Роботското возило без возач, сепак се довезло пред болницата пред да дојде службата за итна помош.

Кога автомобилот пристигнал до Болницата на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско, внатре имало двајца патници. Од болницата им ја потврдиле неверојатната приказна на медиумите. Настанот се случи на 8-ми декември.

„Гордост ни е тоа што сме сигурен превоз за големи и мали пригоди, служејќи им на патниците, од такви што се стари само неколку секунди, до тие што се многу години млади“, објави компанијата Вајмо во соопштението за јавноста. „Му посакуваме сé најдобро на новото семејство и се радуваме што безбедно ќе ги превезуваме до одредиштето низ бројни случувања во животот.“

Вејмо е активен веќе неколку години и на намерниците во Сан Франциско, Феникс и уште неколку градови им нуди возење без возач. На големо изненадување, ова сепак не е првото бебе што е родено во нивно возило.

[the_ad id=”85764″]

„Иако ова е мошне редок случај,“ изјавија од компанијата за Сан Франциско Стандард, „некои од нашите најнови патници едноставно не можат да се стрпат за да го искусат своето прво возење во Вејмо.“

Возилото веднаш по настанот било повлечено од служба за да се изврши чистење. Вејмо е огранок на Алфабет Инк, компанијата што стои зад Гугл.

Претходна објаваКупра Терамар 2.0 ТСИ · Тест · Второто Ауди
Следна објаваФолксваген избра Шпанија да биде центар за електричните возила на концернот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here