
ЦЛА, носител на надежите на Мерцедес на пазарот на електрични автомобили, остави забележливи траги во продажбата во Германија во минатиот месец. Со 1.985 продадени примероци, првиот модел на Мерцедес-Бенц што е конструиран врз платформата ММА, се искачи на 5-то место на најпродавани електрични автомобили во земјата.
Првите четири места им припаѓаат на модели од концернот Фолксваген. Прв е Фолксваген ИД.7, модел што го пренесе наследството на Пасат на пазарот на електрични автомобили. По него следат ИД.3 и два модели на Шкода, Елрок и Ениак. Заедно со Мерцедес ЦЛА, водечката петорка покрива 25 проценти од продажбата на сите електрични автомобили во ноември. Статистиката брои 157 модели со погон на струја, од 47 марки.
Елеткричните модели имаа главна заслуга за растот во продажбата на возила на германскиот пазар во ноември. Со 6.100 продадени возила повеќе во споредба со истиот месец лани, пазарот во ноември порасна 2,5 проценти. Додека бензинците и дизелите заедно бројат 23.300 продажби помалку, преостанатите видови погон постигнаа раст од 29.400 проддени возила, односно ја зголемиле продажбата за 22,5 проценти.
Пазарниот удел на батериски електрични автомобили, приклучни хибриди и благи хибриди во Германија порасна на 63,9 проценти. Тоа е највисок удел од завршетокот на 2022 година наваму.
Голем раст кај електричните автомобили
Чистите ЕВ во ноември напредувале за 58,5 проценти од лани и достигнале удел од 22,2 проценти, што е највисока вредност од укинувањето на субвенциите во декември 2023 година. По 11 месеци, регистрирани се 490.368 нови електрични автомобили во Германија. Со 18,5 проценти, тоа исто така е досега највисок удел на сегментот на БЕВ. За да го надминат рекордот од 2023 година, БЕВ во декември треба да постигнат удел од околу 15 проценти во продажбата.
На батериските електрични возила (БЕВ) им недостигаат два процентни бодови за да ги достигнат бензинците и со тоа имаат шанса во 2025 година првпат да ги престигнат во продажбата. Сепак постои неизвесност околу задржувањето на оваа продажна динамика, затоа што в година треба да стартуваат субвенциите и тоа ќе ги наведе купувачите да почекаат во меѓувреме. Тоа важи првенствено за приватните купувачи, коишто во моментов учествуваат со 36 проценти во продажбата на БЕВ, додека остатокот се службени возила, рентакар и лизинг.
[the_ad id=”85764″]
Концернот Фолксваген владее со пазарот на БЕВ
Од германски производители потекнуваат преку 55 проценти од продадените БЕВ. Ако се вклучат Шкода и Купра, уделот на концернот Фолксваген достигнува околу 70 проценти. Пазарен водач е марката Фолксваген со 15,9 проценти, пред БМВ (10,4 проценти), Шкода (9,8 проценти), Ауди (7,9 проценти) и Мерцедес (7,7 проценти). Најсилна кинеска марка и натаму е МГ, со 2,3 проценти, додека пионерот Тесла со своите 3,2 проценти е на деветтото место.
Девет марки продаваат исклучиво електрични автомобили и постигнуваат удел од 5,4 проценти на пазарот на БЕВ. Меѓу марките во Топ 20, БЕВ-моделите учествуваат со преку 25 проценти во нивната вкупна продажба кај седум производители. Прв е Мини со 53 проценти од продадените возила со погон на струја.

Приклучните хибриди со двоцифрен раст
Приклучните хибриди напредуваа 57 проценти и достигнаа удел од 12,9 проценти на германскиот пазар. Годинава нивниот удел изнесува 10,8 проценти. Со продадени 11.829 возила повеќе од лани, нивниот раст во продажбата сепак е понисок во споредба со БЕВ. Најавените субвенции ќе ги наведат купувачите да почекаат и кај овој вид погон.
Петте најгоилеми марки – Фолксваген, Мерцедес-Бенц, Ауди, БМВ и Би Уај Ди – покриваат 64 проценти од продажбата на приклучни хибриди (ПХЕВ). Водач во ноември е Фолксваген со удел од 15,4 проценти, пред Мерцедес (14,2 проценти) и Ауди (14,0 проценти). Со моделскиот Топ 15 предводат Би Уај Ди Сил Ју, Мерцедес-Бенц ГЛЦ и Волво Икс Ц 60.
Хибридите мируваат, но и натаму се водечки
Хибридите без штекер остануваат водечки и покрај падот во продажбата од 4 проценти. Со удел од 28,3 проценти, тие се во предимство над бензинците (24,4 проценти) и дизелите (11,8 проценти). Хибридите веќе неколку месеци се движат околу вредноста од 30 проценти.
Меѓу марките, прва е Мерцедес-Бенц (16,2 проценти) пред БМВ (16 проценти) и Фолксваген (8,6 проценти). Најпродаван полн хибрид во ноември е Тојота Јарис, пред ФВ Голф и Мерцедес-Бенц ГЛЦ.
Продолжува да паѓа уделот на возилата со МВС
Бензиците на годишно ниво имаат пад од 24,4 проценти, во споредба со 31,6 проценти лани, додека уделот на дизелите падна од 14,9 на 11,8 проценти. Со тоа, моделите само со мотор со внатрешно согорување (МВС) паднати се под 50 проценти уште од септември 2023 година. Надолниот тренд продолжува.
Концернот Фолксваген учествува со 26,7 проценти во продажбата на бензинци, односно до 38,3 проценти во продажбата на дизели на германскиот пазар. Шкода е втора кај дизелите со 18,1 проценти, трет Мерцедес со 14,1 проценти. Од марките на ФВ, Сеат и Купра имаат највисок удел на бензинци во продажбата (47 проценти), пред Шкода и матичната марка Фолксваген.















