Нисан бара спас во партнерства, но засега ги наоѓа тешко

Нисан е во потрага по партнери, нудејќи им платформи за електрични автомобили и пикапи како мамка за здружување.

Нисан развива електрична платформа за следната генерација на пикапот Фронтир, кросоверот Патфајндер и за теренецот Екстера.

„Нисан е отворен за бизнис со останатите производители на автомобили, изјави шефот за планирање модели за пазарите во Северна и Јужна Америка, Понз Пандикутира, на настан за медиумите што се одржа во Нешвил, САД.

Во разговорите со можните партнери, компанијата сепак поставува еден услов: „Соработката мора да биде взаемна. Некој има нешто што ние го сакаме, ние имаме нешто што тие сакаат,“ кажа Пандикутира.

„Нема да влегуваме во соработка со партнер само за да купиме модел, платформа или дел од технологијата“, продолжува тој,. „Се бара долгорочно обврзување, не само трансакција“.

Пандикутира кажа дека Нисан води „преговори“ со повеќе можни партнери и дека
очекува в година да се постигне договор.

Медиумите во октомври објавија дека Нисан е во преговори со Форд и Стелантис, нудејќи им електрифициран модел, базиран врз својот најпродаван кросовер Роуг.

Во меѓувреме, компаниите Хонда и Мицубиши искажаа заинтересираност за заеднички да развиваат модели со Нисан.

За Нисан, којшто годинава пријави најголема загуба во изминатиот четвртина век, соработката може да биде пат кон подолготраен спас.

Пандикутира кажа дека Нисан може да се снајде сам и да постигне „одржлив и профитабилен бизнис“ со продажба на 3,2 до 3,4 милиони возила годишно на светскиот пазар.

„Прашање е дали сакате да бидете само одржлива компанија или машина за правење пари што ќе ве заштити од следниот пад што престои?“ праша тој. „Ние повеќе би ја сакале втората опција.“

[the_ad id=”85764″]

Кои средства ги нуди Нисан во преговорите

Нисан седнува на преговарачката маса со разновидни технологии и со нови модели.

Некогашниот пионер во технологијата на електрични возила развива електрифицирана платформа со носечка рамка (каросерија врз рамка) што ќе биде основа за идната генерација на пикапот Фронтир, за кросоверот Патфајндер и за теренецот Екстера.

Мицубиши претходно соопшти дека разгледува можност за заеднички развој на електрифициран кросовер со Нисан. Возилото би се произведувало во фабрика на Нисан во САД и би стартувало со продажба во 2028 година.

Пикапот Фронтир би ја исполнил најголемата желба на списокот на дилерите на Мицубиши во САД.

Нисан во почетокот на 2024 година сооппшти дека истражува можност за заеднички развој на пикап од следната генерација со Мицубиши. Пикапот би се склопувал во Мексико, а Нисан ќе работи на изведување варијанти со електричен и хибриден погон.

„Имаме интересни планови за следната генерација на Фронтир“, кажа Пандикутира. „Доколку постои парнер што е свесен за таа разлика … можеби ќе се заинтресираме за разговор.“

Нисан бележи заинтересираност и за своите водечки модели, за теренците Армада и за Инфинити Ку Икс 80, како и за кросоверот Роуг, којшто ќе го користи хибридниот погон е-Пауер на овој производител.

„Постојат производители што се заинтересирани за таа технологија и ние би можеле да ги произведуваме тие возила за нив“, кажа Пандикутира.

Електричните модели на пазарот во САД

Нисан цени дека заедничките вложувања ќе му овозможат да ги врати во живот своите амбиции со електричните автомобили, коишто избледија откако САД ја укинаа поддршката за тој вид погон.

Царината на Трамп од 15 проценти и укинувањето на даночното ослободување во висина од 7.500 долари, направија увозот на електричната Арија од Јапонија да стане бесмислен.

„Брзо свативме дека Арија со цена меѓу 50.000 и 60.000 долари не може да се продава, без поттик од државата,“ вели Пандикутира.

Во меѓувреме, новиот електричен кросовер Лиф одвај дека носи заработка. Тоа го присили Нисан да ги скуси трошоците во попусти и маркетинг, што оди на штета на бројките од продажбата на моделот. Нисан месечно испорачува само по 500 примероци од Лиф од своите салони.

„Знаеме дека за електричен автомобил е потребно да се постигне одредено ниво на продукција и ќе бидеме отворени за разговор со друг партнер за заеднички развој на електрично возило — можеби цело семејство електрични возила”, кажа Пандикутира.

Тој напомена дека заедничкиот развој не значи оти Нисан и неговиот партнер ќе продаваат идентични модели.

„Можете да направите целосно различен ентериер, екстериер, па дури и електрична архитектура”, кажа Пандикутира. “Би рекол дека 95 проценти од купувачите не би можеле да забележат оти возилата се развивани заеднички.”

Претходна објаваМерцедес ЦЛА меѓу петте најпродавани електрични автомобили во Германија
Следна објаваДонгфенг најавува нов достапен СУВ за в година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here