за

Volkswagen на 7-ми јули почнува изградба на фабрика за батерии во Залцгитер

Концернот Volkswagen го најавува почетокот на изградбата на големата фабрика за батерии во Салцбург. Свеченоста на 7-ми јули ќе се пренесува онлајн.

Историски ден му претстои на Volkswagen на 07.07.2022. Концернот ќе има три светски премиери, на големиот настан ќе присуствуваат сојузниот канцелар Олаф Шолц, шефот на концернот Херберт Дис и првиот техничар на концернот Томас Шмал.

Голем настан за Volkswagen и за целата автомобилска индустрија ќе се одржи на 7-ми јули. Во градот Залцгитер, што се наоѓа релативно во срцето на Германија, во југоисточниот дел на Долна Саксонија, концернот ќе ја отвори својата прва фабрика за батерии.

Чинот е посебен и по тоа што во фабриката во Залцгитер, на педесетина километри оддалеченост од Волфсбург, првпат ќе биде прикажана Unified Cell. Светот првпат ќе ја види „суперќелијата“, којашто е подобра за животната средина и воедно е подолготрајна. Таа ќе се користи во 80 проценти од електричните автомобили на концернот.

Третиот значаен момент на 7-ми јули е чинот што концернот го означува како #Kickoff. Новооснованата компанија за батерии си поставува цел да прерасне во глобален играч во бизнисот со батерии.

За да пристапите до каналите на коишто ќе се пренесува настанот може да го користите хаштагот #SalzGiga . Настанот почнува во 15.15 часот.

Volkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Боја на чемпрес и 2,4-литарски турбо за Toyota Highlander за 2023 година

Peugeot во Германија со 1.200 евра ваучер за гориво