за

Боја на чемпрес и 2,4-литарски турбо за Toyota Highlander за 2023 година

Моделот што донесе освежување во европската понуда на Toyota сега и самиот добива освежување. Покрај нови бои, дисплеи, новина за источноевропскиот пазар е 2,4-литарски турбо бензинец.

Во новото моделско годиште, најголемиот СУВ на Toyota, седумседот Higlander, добива избор на каросерија во боја на чемпрес, црни и сјајни тркала од 20 инчи и можност за кожените седишта да бидат во беж или во окер боја. Нови се мултимедиските системи Toyota Smart Connect и Smart Connect+, има и можност да се менува прикажувањето во дигиталните инструменти.

Големиот СУВ со седум седишта на Toyota, што првенствено е наменет за американскиот пазар, донесе освежување во понудата на марката, кога стартуваше со продажба во Европа во минатата година. Нов дизајн и постапување според принципот дека големото е убаво, направија Highlander да биде интересен избор.

Најочигледната промена е во новата зелена металик боја, во нијанса на чемпрес, со којашто се нагласува различниот стил на Highlander и се постигнува моделот да биде уште повпечатлив на улица. Контраст со зелената боја прават новитр тркала од 20 инчи во сјајна црна боја. Во внатрешноста се нагласува впечатокот за премиум модел, преку можноста кожените седишта да бидат во беж или окер боја.

Highlander го добива и новиот мултимедиски систем Toyota Smart Connect. Покрај тоа што опфаќа дисплеј од 12,3 инчи со висока резолуција, системот подржува и навигација на база на податочен облак, со патни информации во реално време. Системот за навигација во повисоките нивоа, Toyota Smart Connect+, овозможува водење по поставената рута и во подрачја што не се покриени со интернет. Тридимензионален приказ на град, камера за знаци и информација за поставени радари се уште неколку функци на овој систем. Сите моделски изведби на Toyota Highlander отсега доаѓаат стандардно со безжичен полнач за телефон. Поврзувањето со Apple CarPlay е безжично, за Android Auto треба да се користи кабел.

New item by Automedia MK / Google Photos

Дигиталните инструменти се сменети целосно, со нов дисплеј од 12,3 инчи, којшто посредува впечаток на тридимензионален конкавен приказ. Возачот може да избира меѓу четири видови на прикажување. Casual, Smart, Tough and Sport.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во понудата за Западна Европа останува хибридниот погон со системски 248 КС. За пазарите во Источна Европа, новитет е 2,4-литарскиот бензинец со турбонатполнење, во замена за 3,5-литарскиот V6. Очекувано, новиот мотор троши помалку и има почист издув. Моќноста изнесува 269 КС.

Испораките на новиот Toyota Highlander во Европа стартуваат во последниот квартал од годината.

Сите модели на Toyota што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=toyota

Тест: Toyota Highlander 2.5 Hybrid Luxury Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Kadett пред 40 години првпат доби дизел мотор

Volkswagen на 7-ми јули почнува изградба на фабрика за батерии во Залцгитер