Volkswagen светска ѕвезда: Милион луѓе го следеле „Power Day“

Првиот Power Day на Volkswagen се одржа на 15-ти март и наиде на голем одѕив. Настанот на којшто концернот ги најави своите технологии за иднината во подрачјето на батериите и нивното полнење до 2030 година, се пренесуваше на пет дигитални канали на VW и привлече еден милион гледачи.

Двочасовниот настан се одржуваше во Волфсбург, со вклучување во живо од Кина, Шведска, Велика Британија, Италија, Шпанија и САД. Во средиштето на вниманието беше изградбата на мрежа од фабрики за производство на батериски ќелии за електрични автомобили. Само во Европа до крајот на деценијата ќе постојат шест гигафабрики со вкупен капацитет од 240 гигаватчасови.

Шведската гигафабрика „Northvolt Ett“ во Скелефтеа, ќе биде центар за производство на премиум батериски ќелии. Сопствената фабрика на Volkswagen во Залцгитер од 2025 година ќе произведува стандардизирани ќелии за модели за масовниот пазар. Оваа стандардизирана ќелија од 2030 година ќе се користи во сите марки на концернот и ќе се вградува во 80 проценти од сите електрични возила на истиот. Volkswagen на тој начин постепено ќе ја смалува цената на батериите за возилата од масовниот пазар до 50%. Во моделите од средната класа, цената на батериите ќе се смали до 30 проценти.

Одѕивот на медиумите е огромен:

  • Volkswagen рано започна со преоѓањето на електрични автомобили и сега ги собира плодовите од сопствената стратегија. Додека останатите производители штотуку почнаа да ги развиваат своите први електрични возила, Volkswagen веќе размислува за следната електро-експанзија во втората половина на деценијата (Ханделсблат)
  • Првите 60 минути беа многу, многу интересна и кул презентација (Ројтерс).
  • Во заднина не се појавуваа само графикони за презентацијата на говорниците. На бината се прикажуваа и холограми, на пример за изгледот на батериската ќелија или од електричен автомобил, во којшто виртуелно се вметнуваше комплет батерија. Тоа на концернот му донесе многу бодови меѓу гледачите (Менаџер Магазин)

Целта е да се поедностават батериите и да се смали нивната цена, за автомобилот да биде привлечен и достапен за колку е можно повеќе луѓе. Во исто време, концернот сака да се обезбеди со батериски ќелии по 2025 година. Во Европа се договорени соработки со енергетските компании BP (Велика Британија), Iberdrola (Шпанија) и Enel (Италија).

https://www.instagram.com/p/CMSUGegqrh3/

>>> Volkswagen ќе гради сопствена мрежа од фабрики за батерии во Европа

Претходна објаваПолјак паѓа 192 пати на теоретски тестови за возач
Следна објаваНовиот дизајн на Kia: Спротивностите се привлекуваат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here