Полјак паѓа 192 пати на теоретски тестови за возач

Жител на Полска никако да положи за возач, и тоа 192 пати – на теоретскиот дел од испитот. Во земјите ширум Европа и светот, во коишто се почитува сериозноста на издавањето возачка дозвола, повеќе пати се „паѓа“ на теоретскиот испит, отколку на практичното возење.

Полагањето за возачка дозвола кај многумина предизвикува нервоза и несигурност. Некои полагаат уште веднаш по полнолетството, некои дури доцна се решаваат да станат возачи. Учењето за некои е лесно, за други е тешко. При практичното возење се случува да се направат неколку мали грешки што комисијата ги регистрира одговорно и будно и го „враќа“ кандидатот. Но, и теоретскиот тест може да биде проблем.

Маж од Полска се обидува 192 пати да го положи теотерскиот тест и 192 пати без успех. Човекот на возраст од 50 години работи на проектот возачка дозвола веќе 17 години. За тестовите во сите години досега, Полјакот потрошил 6.000 злоти, што одговара на околу 1.300 евра.

Несудениот возач не планира да се откаже. Не постои максимален број на обиди за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит. Но, ништо без теорија, без поминување на тој тест не може да се продолжи. Во земјата, теоретскиот тест го минуваат 5о до 60 проценти од кандидатите.

Еден пример од Велика Британија го охрабрува Полјакот. Таму еден кандидат „паѓал“ 157 пати на теоретскиот испит – и положил 158-от пат. Случајот предизвикува реакции во јавноста и меѓу другото се бара ограничување на бројот на обиди за полагање на теоретскиот тест. Инструктор за возење коментира на тоа: „Луѓето што не ги познаваат правилата, не смеат да возат автомобил“.

>>> Вака изгледа новото полагање „градска“ за Британците

Претходна објаваOpel ќе бара шанса на кинескиот пазар
Следна објаваVolkswagen светска ѕвезда: Милион луѓе го следеле „Power Day“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here