за

Opel ќе бара шанса на кинескиот пазар

Првиот човек на Opel, Михаел Лошелер, во интервју за германски магазин ги открива плановите за можниот старт на марката на пазарот во Кина.

Opel-Insignia-GSI-1984-Kadett-GSI

Opel може за релативно кусо време да стартува со продажба на најголемиот пазар во светот, во Кина. Шефот Михаел Лошелер во интервју за германскиот магазин Капитал открива дека подготовките се во тек.

Михаел Лошелер, извршен директор на Opel, гледа шанси за својата марка на големиот кинески пазар, и тоа во колку е можно поскоро време. Менаџерот го најави тоа во интервју за германскиот економски магазин Капитал. „Имам големи надежи дека ќе најдеме начин за Opel да пристигне во Кина, затоа што тоа е најголемиот автомобилски пазар во светот.“ Лошелер понатаму открива дека моментно се проверува со кои модели ќе се стартува во Кина и преку кои канали ќе се врши дистрибуцијата на германската марка на големиот пазар.

Шефот на Opel напоменува категорично дека конечното решение не зависи од мајчинскиот концерн Stellantis. Свежо основаниот концерн, кој стартуваше дури во јануари и создаден е со спојување на PSA Peugeot Citroen од Франција и Fiat Chrysler од Италија и САД, моментно има мошне слаб пробив на кинескиот пазар. Концернот сака да го промени тоа.

Лошелер, во поглед на остварувањето на плановите за Кина, изјавува: „Ние сме мошне конкретни: Дали Opel може да помогне и дали Opel може да преземе улога во тоа?“ Уште се чека одлуката. Лошелер го презеде шефовското место во Opel во 2017 година, откако традиционалниот германски производител беше продаден на француската групација PSA.

>>> Триесет години од премиерата на Opel Frontera

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes најомилена марка во пет земји, Toyota во осум

Полјак паѓа 192 пати на теоретски тестови за возач