Не е изненадување тоа што во Германија се најомилени германските премиум марки. На други пазари, луѓето имаат повеќе симпатии кон други марки, на пример Toyota.
Mercedes-Benz е најомилената автомобилска марка за Германците годинава. Во онлајн истражување, премиум марката со сребрената ѕвезда освои 21,8 бодови од испитаниците. Втора најомилена марка е Audi со 21,4 бодови, веднаш потоа следи BMW со 21 бодови.
Volkswagen е на четврто место, како најомилена големоволуменска марка со 17,3 бодови, по неа е Skoda со 14,3 бодови, прва не-германска марка на списокот. Втората половина од германскиот Топ 10 ја пополнуваат Volvo (13,6 бодови), Toyota (13,1 бодови) и Porsche (12,5 бодови). Деветтото место му припаѓа на Opel (12,4 бодови), пред Ford (12,1 бодови).
Во глобални рамки предводат јапонските и германските марки
Податоците се темелат на онлајн-интервјуа, спроведени меѓу февруари 2020 и крајот на јануари годинава. За рангирањето решаваат шест фактори: Општ впечаток, квалитет, сооднос цена квалитет, задоволство на клиентите, давање препорака за марката и имиџ како работодавец.
Во светски рамки, првите места во повеќето држави им припаѓаат на јапонските и германските производители на автомобили. Mercedes-Benz, освен во Германија е прв и во Велика Британија, Италија, Шпанија и Тајван. Со исклучок на Бразил, компанијата е во Топ 10 на сите 23 пазари во истражувањето.
Toyota на прво место во осум држави
Јапонскиот производител и примус во браншата за 2020 година, Toyota, ужива место на најомилена марка, меѓу другото во САД, Канада, Норвешка, Саудиска Арабија и во Русија. Volkswagen е меѓу најомилените десет марки на 13 автомобилски пазари, а прв е во Данска, Бразил и Мексико.
















