за

Платата на шефот на Volkswagen пониска за 900.000 евра поради корона

Херберт Дис, првиот човек на концернот Volkswagen, доби пониска плата за минатата година поради корона-кризата. Од друга страна, неговото добро менаџирање му донесе и бонус од 1,8 милион евра.

volkswagen херберт дис

Намалената заработка на концернот Volkswagen лани, скуси и од платата на шефот Херберт Дис. Автомобилскиот менаџер од врвен ранг добил плата во висина од 6,1 милиони евра за минатата година. Тоа се 900.000 евра помалку отколку преклани.

Причината за намалената плата за Дис е во пониската таканаречена варијабилна компонента, во којашто меѓу другото се зема предвид и деловниот резултат – кој генерално е намален кај сите производители на автомобили, поради корона-кризата. Варијабилната компонента кај шефот на концернот Volkswagen е пониска за 2,2 милијарди евра.

Еден дел од намалувањето на платата ќе се надомести со дополнителен бонус што им се исплаќа на директорите на Volkswagen. Тој бонус се одредува според резултатот во претходните три години – од 2017 до 2019 година – кој на Дис му донесе дополнителни 1,8 милиони евра.

Годишната плата не може да се споредува директно. Лани во вкупната сума за Херберт Дис беше вклучено и плаќање, кое потекнуваше од пакетот акции што беше замрзнат по почетокот на дизел-кризата.

Платите на директорите на Volkswagen се состојат од фиксна основна плата, плус дополнителни постигнувања, како и два варијабилни составни делови: Едниот е бонус за тековната година, другиот е бонус за временски период од три последувателни деловни години. Вториот бонус се одредува во повеќе степени и подлежи на разни одбитоци. На пензиската сметка на Дис, лани пристигнале дополнителни 1,6 милион евра.

>>> Шефот на концернот Volkswagen зборува и кинески

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi tt bimoto mtm tuning

Audi повеќе не развива нови мотори, само усовршување

Mercedes најомилена марка во пет земји, Toyota во осум